Инженер наспроти доктор: Забавна приказна што инстантно ќе ве расположи
Еден инженер долго време бил невработен. Бидејќи не можел да најде работа, тој отворил медицинска клиника и на надворешната врата поставил знак: „Преглед и дијагноза чини 500 евра. Ако не го решиме вашиот проблем, ќе добиете 1.000 евра за возврат.“ Еден доктор решил да ја искористи оваа шанса да заработи 1.000 евра и отишол во клиниката.
„Го изгубив вкусот во устата“, му рекол тој на инженерот.
„Сестро, ве молам донесете го лекот од 22-та кутија и ставете 3 капки во устата на пациентот“, самоуверено рекол инженерот.
Медицинската сестра го послушала и во истиот момент штом му капнала неколку капки во устата на докторот тој свикал на сиот глас: „Ова е бензин!“
На тоа, инженерот одговорил: „Честитки! Вие го добивте вашиот вкус назад. Тоа ќе ве чини 500 евра.“
Докторот се налутил и по неколку дена решил да си ги врати своите пари. Тој отишол повторно во клиниката и се пожалил: „Го изгубив помнењето, не можам да се сетам на ништо.“
Инженерот повторно самоуверено ѝ рекол на сестрата да го донесе лекот од 22-та кутија и да стави 3 капки во устата на пациентот.
Докторот избезумен свикал: „Но, тоа е бензин!“
„Честитки! Вашата меморија се врати. Тоа ќе ве чини 500 евра“, му рекол инженерот.
Докторот си отишол полут од кога било претходно и за неколку дена повторно се вратил. Влегол во ординацијата на инженерот и се пожалил: „Мојот вид е премногу слаб, воопшто не гледам.“
Инженерот тивко одговорил: „За жал немаме лек за тоа. Земете ги овие 1.000 евра.“
„Но, тука има само 500…“, се побунил докторот.
„Честитки! Вашиот вид се врати. Тоа ќе ве чини 500 долари!“