Интимна наука: Сексот ве тера да споделувате повеќе тајни

Интимна наука: Сексот ве тера да споделувате повеќе тајни

Според истражувачите од Универзитетот во Конектикат, луѓето многу полесно споделуваат важни или лични информации со партнерите по оргазмот, што води кон подлабока поврзаност. Изгледа несериозниот секс може да биде вашиот билет до сериозна врска. Истражувачите, вклучувајќи ја и д-р Аманда Денес, веруваат дека окситоцинот кој се испушта по сексуалниот однос е оној кој ја предизвикува оваа нова отвореност.

Интимна наука: Сексот ве тера да споделувате повеќе тајни

„Комуникацијата по односот има голема поврзаност со сексуалното задоволство како и со задоволството од врската. Токму поради оваа причина, разговорите кои настануваат по самиот однос имаат клучна улога во одржување на интимноста“, вели таа.

Но, имајте на ум дека алкохолот не треба да биде вклучен. Доколку сте пиеле пред сексот, големи се шансите дека ќе ви се испушти нешто ненамерно, што многу често е и помалку позитивно од она што би го кажале трезни.

„Луѓето кои пијат повеќе алкохол, во просек, доживуваат помалку придобивки од откривањето информации на нивните партнери“, потврдува и коавторот на оваа студија, Тамара Афифи.

Истражувачите велат дека оваа информација има тенденција да биде помалку важна од информацијата која била споделена помеѓу партнерите по трезниот секс. Не е сè уште јасно како тие дошле до овие заклучоци, бидејќи податоците не биле веднаш достапни, но тие изгледаат сосема логично. Некои луѓе можат да имаат секс без обврски, но повеќето со тек на време развиваат чувства за личноста на другата страна од креветот. Сега знаеме и зошто.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар