Интервју со инстаграмџиката Христина Цветкоска: Секој човек е различен и светот мора да го сфати тоа

Интервју со инстаграмџиката Христина Цветкоска: Секој човек е различен и светот мора да го сфати тоа

Викендов поразговаравме со Христина Цветкоска, попозната како kikecvetche. Ако веќе ја следите на социјалните мрежи, тогаш сигурни сме дека сте добро запознаени со нејзината заразна насмевка и позитивниот поглед кон светот. Нејзината цел е да нè насмее и навистина успева во тоа! Но, пред да преминеме на интервјуто, таа остави порака до сите вас:

„Здраво лалиња и добре дојдовте во моето ново интервју. Денес сме тука со Кафе Пауза, еден многу интересен сајт, барем за мене, затоа што сум огромен љубител на кафе. Кај нив сум читала разни интервјуа, хороскопи, па дури и сум испробала некои од нивните рецепти. Сега ме викнаа тука за да ми постават неколку прашања, па затоа – уживајте.“

Прочитајте ги нејзините одговори и подгответе се за многу насмевки. И како што и самата Христина кажа, уживајте!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Христина Цветкоска 🌺 (@kikecvetche) on

1. Инстаграмџика и Јутјуберка. Да се предадеш целосно на Интернетот воопшто не е лесно. Што те инспирира да го направиш тоа и која е целта на твоето онлајн присуство?

Целта е едноставна – се обидувам да најдам забава во социјалните мрежи и на интересен начин да го прикажам моето секојдневие. Ако тоа некого го интересира, може слободно да ме следи, и ако притоа успеам некого да насмеам, јас сум пресреќна. И токму тие следачи се оние коишто ме инспирираат да продолжам со сето ова.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Христина Цветкоска 🌺 (@kikecvetche) on

2. Со 8.500 следбеници на Инстаграм и скоро 9.000 на Јутјуб, какво влијание имаат социјалните мрежи на твојот секојдневен живот?

Како што може да се претпостави, имаат огромно влијание, но од сето тоа јас гледам да извлечам забава, дружба и само позитива. Всушност јас најпрво започнав со Твитер, уште пред 4-5 години, но потоа се префрлив на Инстаграм, а неодамна почнав и со Јутјуб. Во текот на целото ова време, запознав премногу златни луѓе и поминав еден куп прекрасни моменти со нив. Мислам дека социјалните мрежи ни овозможуваат многу лесно да се споиме со луѓе со исти интереси како нашите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Христина Цветкоска 🌺 (@kikecvetche) on

3. Твојата насмевка доминира на сите твои социјални мрежи. Всушност, кога ги гледаме твоите фотографии и видеа едноставно не можеме и ние самите да не се насмевнеме и да не ја почувствуваме позитивната енергија во нив. Каков совет би им дала на младите што се обидуваат напорно да ја пронајдат својата насмевка, но едноставно не успеваат поради (не)секојдневните проблеми?

Мило ми е што мојата насмевка ја има таа моќ ха-ха. Многумина ми рекле дека тоа е едно од највпечатливите нешта кај мене и навистина се трудам да ја сочувам. Сите имаме проблеми, но начинот на кој решаваме да се справиме со нив е тоа што нѐ разликува. И мене ми се случува да ми помине цел ден во солзи, но на крајот на денот се трудам да ги избркам со насмевка.

На младите би им рекла да не се нервираат многу со непотребни работи и да ги проживеат најубавите години од нивниот живот исполнети со смеа и забава, бидејќи проблемите секогаш полесно се решаваат со насмевка и со ведри мисли.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Христина Цветкоска 🌺 (@kikecvetche) on

4. Совршеното тело не постои, но сепак ретко на кого му е удобно во својата кожа, особено кога станува збор за млади девојки. Но, изгледа како ти да немаш никаков проблем со тоа. Твојата самодоверба е на високо ниво и се сакаш себеси во целост. Како стигна до овој степен на себеприфаќање?

Мислам дека стандардите за тоа како треба да изгледаат девојките се многу „исфорсирани“, а за жал младите девојки упорно пробуваат да се вклопат во тоа извртено општество. Колку порано сфатат дека не вреди да се нервираат за тоа што другите го мислат за нив, толку посреќни ќе бидат.

Од целата поддршка што ја добивам на социјалните мрежи, научив дека тој што ве сака, ќе ве сака поради личноста којашто сте и поради тоа што го создавате, ќе ви ги сака делата и ќе ви го цени трудот. Тоа ми помогна да се прифатам себеси каква што сум, бидејќи видов дека и тие ме прифатија таква. Се чувствувам слободна и не ми е проблем да излезам од дома без никаква шминка или да отидам до продавница по бапски џемпер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Христина Цветкоска 🌺 (@kikecvetche) on

5. Медиумите постојано форсираат „идеални“ пропорции поради коишто многу девојки, па и момци, мора да се борат против целиот свет за да се почувствуваат убаво. Дали и ти се соочуваш со вакви непријатности и ако да, како се справуваш со нив? Сигурни сме дека многумина од нашите читатели би сакале да дознаат како самите да стигнат до онаму каде што си ти сега.

Секој човек е различен и светот мора да го сфати тоа. Убавината доаѓа од внатре и од самите нас. Ако јас денес се разбудам полна со енергија и се чувствувам убаво во своја кожа, нема да дозволам ниту еден злобен коментар или лош поглед вперен кон мене да ми го одземе тоа чувство.

Несомнено, и јас сум добивала, а и сѐ уште добивам по некој коментар за мојот изглед, меѓутоа се научив да не дозволувам тоа да ме повредува. А всушност, зошто би требало тоа да ме повредува? Еј браво, некој седнал и напишал некој факт за мене. Можеби било наменето како навреда, но јас тука гледам само еден обичен факт, исто како да ми пишале дека небото е сино.  Самите ние контролираме што може да нè повреди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Христина Цветкоска 🌺 (@kikecvetche) on

6. Кој имал најголемо влијание на личноста којашто си денес?

Дефинитивно Иван. Во изминативе 4 години ме научи да го гледам светот со поинакви очи, па и да се гледам себеси со поинакви очи. Тука бил секогаш да ме мотивира и да верува во мене, да ме инспирира, да ми биде најдобар другар, и најважно од сѐ – да ме смее. Се колнам дека откако сме заедно, немам поминато ниту еден ден без смеа. Покрај него започна мојата сѐ поголема изложеност на социјалните мрежи и баш ме интересира што ни има животот подготвено за понатаму.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Христина Цветкоска 🌺 (@kikecvetche) on

Прочитајте го и нашето интервју со Мартина Димоска, која зборува за борбата на оние поразличните кои не припаѓаат во границите на „нормалното”.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар