Интернетот не е задоволен со овој постер за новата адаптација на анимираниот филм „Снежана“
По успехот на филмот „Убавицата и ѕверот“ со Ема Вотсон, фановите очекуваа многу од следните освежувања на класиците на Дизни. Имајќи го ова на ум, целиот свет се разочара кога го виде новиот постер за анимираниот филм „Црвени чевли и 7 џуџиња“ што треба да излезе во 2018 година. Според целиот Интернет (и ние го делиме нивното мислење), тие рекламираат срамење на одредени видови тела.
Анимираниот филм, што е адаптација на првиот Дизни цртан (овој пат, Дизни не стои зад приказната), предизвика голема врева ширум светот и тоа со добра причина. Клои Моретс, го позајмува гласот за Снежана, што во оваа верзија има магични црвени чевли коишто имаат моќ да го трансформираат нејзиното тело од ниско со облини, во високо и витко. Гледајќи го трејлерот, можеме веднаш да претпоставиме дека и целата приказна ќе предизвика бурни реакции.
Постерот покажува две верзии од Снежана, една до друга, каде што стои натписот: Што ако Снежана веќе не е убава и 7-те џуџиња не се толку ниски?
Постерот јасно кажува дека природната, ниска и со облини Снежана не е убава. Каква порака тие им пренесуваат на младите очиња? Во овој момент луѓето се надеваат дека станува збор за маркетиншки пропуст и дека анимираниот филм ќе шири важна порака за прифаќање на сите видови тела како природни и прекрасни.
Во описот на филмот стои:
„Нормално девојче е родено во необични услови, таа е принцеза што не припаѓа во светот на славните принцези, ниту пак во нивниот број на облека. Таа сака да остане верна на себе, но на островот на бајките најважен е изгледот па таа мора да се бори со себе да не сака да биде како другите… Во нејзината потрага да го најде изгубениот татко, таа учи како да се прифати себеси, но и како да го цени тоа што е, однатре и однадвор.“
Останува да видиме дали анимираниот филм ќе успее да ја задржи својата најавена цел или исто како и постерот, ќе го вознемири целиот свет.