Интернет корисници споделуваат кои туристички атракции не вреди да ги посетите - Part 3

Интернет корисници споделуваат кои туристички атракции не вреди да ги посетите

13. Стоунхенџ, Велика Британија

Интернет корисници споделуваат кои туристички атракции не вреди да ги посетите

Очекување: Да ја почувствувате магијата на местото и да направите интересни фотографии.

Реалност: „Местото е оддалечено 2 часа од Лондон и треба буквално да возите 2 часа за да направите само една фотографија.“

14. Божиќната елка на центарот Рокфелер, Менхетен

Интернет корисници споделуваат кои туристички атракции не вреди да ги посетите

Очекување: Да уживате во најубавата новогодишна елка и да направите одлични фотографии..

Реалност: „Местото е со гужва и не можевме ни да се доближиме до дрвото. Кога конечно му се приближивме, направивме само една фотографија. Навистина беше стресно!“

15. Ајфеловата кула, Париз, Франција

Интернет корисници споделуваат кои туристички атракции не вреди да ги посетите

Очекување: Да ја почувствувате атмосферата на најромантичното место на светот и да уживате во погледот на градот.

Реалност: „Отсекогаш сонував да одам во Париз и да ја посетам кулата. Но не беше како што очекував. Имаше долги редици и изгледаше како челична структура и ништо повеќе. Не бев подготвена да го поминам целиот ден во редица и потоа само да се качам. Можам да го видам градот од која било друга повисока зграда.“

16. Колосеумот, Рим, Италија

Интернет корисници споделуваат кои туристички атракции не вреди да ги посетите

Очекување: Да уживате во неверојатниот поглед од театарот и да си ги замислувате борбите со гладијатори.

Реалност: „Најпрво, има многу луѓе кои се обидуваат да ви продадат влезници за преку ред само за да заработат повеќе. Второ, срамно е да го видите Колосеумот во таква валкана и запоставена состојба. Има ѓубре насекаде и гуми за џвакање на земјата.“

17. Големата пирамида во Гиза, Каиро, Египет

Интернет корисници споделуваат кои туристички атракции не вреди да ги посетите

Очекување: Да ги видите пирамидите и да им се восхитувате на градбите.

Реалност: „Неверојатно наследство, навистина. Но искуството беше навистина тажно и имаше многу луѓе што се обидуваа да нè натераат да купиме нешто од нив. Многу од нив дури велеа дека работеле за власта, што очигледно е лага.“

18. Таџ Махал, Индија

Интернет корисници споделуваат кои туристички атракции не вреди да ги посетите

Очекување: Да пешачите по патеката, да им се приближите на портите и да уживате во убавината на градбата.

Реалност: „Патеката до билетарата е полна со крави, улични кучиња и нивниот измет. Како странец, ќе платите 20 пати повеќе од локалните жители. Потоа ќе се соочите со гневни луѓе од обезбедувањето кои се обидуваат да ја спречат толпата туристи. Ако имате мали деца, ќе плачат. Но, самиот споменик е спектакуларен.“

Погледнете ги и фотографиите кои покажуваат како навистина изгледаат некои од најпознатите туристички атракции.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар