Интересно откритие покажува дека жените во средниот век биле многу пописмени одошто се верувало

Интересно откритие покажува дека жените во средниот век биле многу пописмени одошто се верувало

Траги од синиот пигмент што во средниот век се користел за сликање, биле откриени на забните наслаги на женa што починалa некаде помеѓу 1000-тите и 1200-тите години. Нeјзините остатоци биле пронајдени во Западна Германија.

Научниците успеале да го побијат општо прифатеното мислење дека жените во средниот век немале скоро никаков придонес за литературата, што во тој период најчесто се одвивала во религиски институции. Историчарката Кристина Варинер тврди дека ова откритие докажува дека жените биле многу пообразовани и пописмени во минатото.

„Возбудена сум што нашата студија покажува дека со помош на археологијата можеме да откриеме некои изгубени информации за улогата на жените во историјата“, изјавила Варинер.

Научниците што ги проучувале остатоците заклучиле дека станува збор за жена, на возраст помеѓу 45 и 60 години која најверојатно била уметница што често го грицкала врвот на четката со која сликала. Се верува дека таа била една од 14-те жени што живееле во таа област, и најверојатно припаѓала на богато семејство, односно била дел од образованата класа.

„Ова е директен доказ дека жената сликала користејќи редок и скап пигмент. Тоа ме води кон прашањето уште колку уметници би нашле во гробниците, ако само почнеме да ги бараме“, заклучува Варинер.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар