Интересно откритие: Нашиот мозок е половина буден кога спиеме на ново место

Интересно откритие: Нашиот мозок е половина буден кога спиеме на ново место

Дали имате забележано дека кога спиете на некое ново место, како на пример во хотелска соба, се будите малку изморени и без ориентација? Овој феномен е наречен „Ефект на прва ноќ“.

(1)nashiot-mozok-e-polovina-buden-koga-spieme-na-novo-mesto-kafepauza.mk

Многу истражувања го проучувале овој феномен и тоа кај луѓе од различна возраст, раса и животен стил. Всушност, феноменот се појавил кај речиси секој што спиел на некое ново место.

Научникот Масако Тамаки и неколку негови колеги од универзитетот Браун сакале да откријат што всушност се случува со мозокот во оваа ситуација. Тие ја анализирале мозочната активност на испитаниците кои спиеле и барале каква било аномалија или промена додека спиеле на ново место.

Едната страна од мозокот останува будна

(2)nashiot-mozok-e-polovina-buden-koga-spieme-na-novo-mesto-kafepauza.mk

Експертите веруваат дека ова е еден вид заштита кој е длабоко вкоренет во нас. Кога спиеме на место што не ни е познато, страната од мозокот која е будна ни овозможува да се разбудиме полесно ако се најдеме во опасност. Иако овој феномен денес не ни е потребен, тој бил многу важен за нашите предци кои се наоѓале во многу небезбедна околина.

За оние кои патуваат често, и често го менуваат местото на спиење, доктор Јука Сасаки, еден од истражувачите, има добри вести:

„Човечкиот мозок е многу флексибилен. Па, луѓето кои често се на ново место не значи дека постојано ќе бидат „половина будни.“

Таа исто така советува дека овој ефект може да се намали ако со себе понесете ваша перница, или пак, ако престојувате во хотел чиј распоред на собите ви е познат.

Погледнете и кои работи не треба да ги првите пред спиење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар