Интересно откритие: Изгледа дека сите сопружници имаат слична ДНК

Интересно откритие: Изгледа дека сите сопружници имаат слична ДНК

Што е тоа што ве привлекло кај вашиот брачен другар? Очите? Насмевката? Заедничките интереси? Што би рекле ако некаде прочитате дека ова ниво на сличност и привлекување е многу подлабоко, еве да речеме, на молекуларно ниво? Една нова студија која била спроведена од Универзитетот Колорадо-Булдер открила дека сопружниците всушност имаат ДНК која е многу слична. Послична ако ја споредите со случајно избрана личност.

Интересно откритие: Изгледа дека сите сопружници имаат слична ДНК

Ова истражување вклучувало 825 парови чии геноми биле споредувани со оние на нивните сопружници, како и со геномите на случајно избрани 2 личности. Сѐ на сѐ, во оваа студија биле споредени околу 1,7 милиони геноми и тоа што се открило било неверојатно. Паровите меѓу себе имале многу слична ДНК во споредба со онаа на други случајно избрани испитаници.

Познато е дека луѓето најчесто стапуваат во брак со личности кои се слични на нив,“ вели Бенџамин Доминик, водечкиот автор на студијата. „Но, се поставуваше прашање дали истото се случува и на ниво на генетиката.

Кога станува збор за изборот на партнерот според генетиката, постои една честа претпоставка според која овој избор настанува случајно. Но, ние веќе знаеме дека тоа не е вистина затоа што луѓето скоро секогаш имаат одредени критериуми кои ги следат во нивната потрага.

Понатамошните истражувања во ова поле ќе можат да овозможат подетални податоци. Во секој случај, веќе е познато дека при изборот на партнерот голема улога играат едукацијата и економската позадина. Оние кои се со високо образование и кои заработуваат повеќе имаат тенденција да бараат партнери кои исто така имаат високо образование и поголема плата. Но, сега на оваа листа може слободно да се додаде и нашата ДНК. Според добиените резултати, истражувачите велат дека генетското одбирање на партнерот објаснува околу 10% од целиот избор.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар