Интересни висечки вазни кои може да ги изработите сами

Интересни висечки вазни кои може да ги изработите сами

Со помош на овој лесен туторијал низ слика ќе може да изработите прекрасни вазни и да го разубавите вашиот двор. Сè што ќе ви биде потребно е пластично шише, ножички, јак лепак, парче материјал и конец.

Пресечете го долниот дел од едно пластично шише. Одберете парче материјал со интересен принт и измерете го да се совпаѓа со пластичната вазна. Со помош на четка нанесете течно лепило за да го залепите материјалот на шишето. Откако добро ќе го залепите материјалот, оставете лепакот да се исуши. Направете две дупки на спротивните краеви од вазната и заврзете дебел конец на кој вазната ќе виси. Исто така, доколку сакате може да залепите и друг материјал како декорација на вазната. Уживајте во изработката на овие пластични вазни и во разубавувањето на вашиот двор или градина.

Интересни висечки вазни кои може да ги изработите сами


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар