Интересни шеги за свекрвите кои ќе ви го разубават овој викенд

Интересни шеги за свекрвите кои ќе ви го разубават овој викенд

Постои општо верување дека снаите и свекрвите не се согласуваат. Колку и да постојат исклучоци од ова, сепак, на оваа сметка се направени безброј шеги. Без разлика во која позиција сте моментално, дали сте снаа или свекрва, не треба премногу сериозно да ги сфаќате овие шеги. Сепак, нивната цел е да ве насмеат. Погледнете некои од нив во продолжение и разубавете си го овој викенд.

Интересни шеги за свекрвите кои ќе ви го разубават овој викенд

1. Мојата свекрва е вистинско богатство. А богатството мора да биде закопано.

2. Која е разликата помеѓу свекрва и терорист? Со терористот понекогаш можете да направите компромис.

3. Една девојка ја прашува нејзината пријателка: Дали го пронајде човекот кој ја спаси свекрва ти од давење во реката? На тоа таа одговорила: Да, а веќе и ми се извини.

4. Ако немаш ништо добро да кажеш, тогаш најверојатно си ми свекрва.

5. Добро е да имате четири мажи, но како би се справиле со четири свекрви?

6. Колку свекрви се потребни за да уништат еден брак? Само една… мојата!

7. Адам и Ева биле најсреќен пар, затоа што Ева немала свекрва.

8. Колку свекрви се потребни за да ја променат сијалицата? Само една. Таа ќе застане и ќе чека светот да се врти околу неа.

Интересни шеги за свекрвите кои ќе ви го разубават овој викенд

9. Разговор помеѓу две пријателки. Едната вели: Мојата свекрва е ангел. На тоа другата одговара: Колку си среќна. Мојата е сѐ уште жива.

10. Навистина заслужувам Нобелова награда за мир затоа што премолчувам многу работи што сакам да ѝ ги кажам на мојата свекрва.

11. Драга моја свекрво, нареден пат кога ќе ми биде потребно бескорисно мислење кое не е добро дојдено, ќе знам каде да се обратам. Ти благодарам.

12. Никогаш не заборавам лица. Но кога станува збор за свекрва ми, би направила исклучок.

13. Никогаш не правам будала од мојата свекрва. Секогаш ја оставам сама да си го покаже природниот талент.

14. Кои се најлошите работи во врска со вашата свекрва? Нејзините лица!

15. Свекрвата ја прашува девојката на нејзиниот син: Значи, сакаш да ми станеш снаа? Девојката на тоа одговара: Па не сакам, ама не гледам друг начин да се омажам со твојот син!

16. Што се измешани емоции? Кога ќе ја видите вашата свекрва со крпа во вашиот автомобил.

17. Што е најлошото нешто што може да ви го каже докторот кога ќе ја однесете вашата свекрва во болница? Жал ни е, бевме во можност да ја спасиме.

Интересни шеги за свекрвите кои ќе ви го разубават овој викенд


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар