Интересни Гинисови рекорди #2
Ако ги прочитавте овие Гинисови рекорди, време е за уште една тура интересни и екстремни достигнувања.
100 метри на патека со препреки, со пераи
Мерен Зункер од Германија е најбрзата жена која истрчала 100 метри со пераи, за само 22,35 секунди на 13 септември 2008 година.
Најмногу луѓе облечени како штрумфови
На фестивалот Muckno Mania во Монаган, Ирска, на 18 јули 2008 година, 1.253 луѓе се облекле како штрумфови.
Најголемата топка од гумени ластичиња
Џоел Ваул од Америка е креаторот на ова дело. Оваа најголема гумена топка тежи 4.097 кг. Измерена е на 13 ноември 2008 година.
Најголемото џебно ноже
Најголемиот џебен нож во светот е висок 3,9 м и тежи 122 кг. Ножот е дизајниран од Телмо Чадавес од Португалија, а рачно изработен од Виргило, Раул и Мануел Пирес исто така од Португалија на 9 јануари 2003 година.
Најтешкиот лимон
Најтешкиот лимон во светот тежи 5,265 кг. Одгледан е во Израел на фармата на Kfar Zeitim, на 8 јануари 2003.
Најмногу кригли со пиво, носени на 40 метри, од жена
Анита Шварц од Германија, на 9 ноември 2008 година ја доби Гинисовата награда за носење најмногу крилги со пиво (19), на патека долга над 40 метри.
24 часа на моноцикл
Сем Вакелинг изминал 453,6 километри на моноцикл, за период од 24 часа во Велс, Велика Британија. Подвигот го направил на 29-30 септември 2007 година.
Најголемата колекција на хотелски знакчиња „Не вознемирувај“
Хоби си е хоби. Жан-Франсоа Вернети од Швајцарија собрал дури 8.888 најразлични хотелски знакчиња „Не вознемирувај“ од 189 земји низ светот. Тој со ова хоби почнал да се занимава од 1985 година.
Најдолги нокти на двете раце
Мелвин Бут (лево) од Трој, Мичиген има нокти долги 9,05 метри. Ли Редмонд (десно) не ги исекла ноктите од 1979 година и тие на сликата се долги 8,65 метри. За жал, нејзините нокти се скршиле во сообраќајна несреќа.
Најмногу облечени маички одеднаш
Џеф ван Дек облекол 227 маички одеднаш на настан кој бил организиран во Белгија на 24 април 2008 година.
Човек со најрастеглива кожа
Гери Тарнер од Велика Британија може да ја растегне сопствената кожа од стомакот во должина од 15,8 см. Гери има ретка состојба наречена Елерс-Данлос синдром, неправилност на сврзното ткиво кое ги напаѓа кожата, лигаментите и внатрешните органи. Колагенот е тој кој придонесува еластичност на кожата.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
interesnoo 🙂
ludi raboti…strava se stvarno…