Интересни факти за животот во Финска, кои ќе ги изненадат и најискусните туристи - Part 3

Интересни факти за животот во Финска, кои ќе ги изненадат и најискусните туристи

13. Хелсинки е најчесниот град во светот

Интересни факти за животот во Финска, кои ќе ги изненадат и најискусните туристи

Според едно необично истражување коешто е спроведено во 16 градови ширум светот, главниот град на Финска бил прогласен за место во коешто живеат најчесните луѓе во светот. За целите на експериментот биле оставени 12 паричници низ градот, во коишто бил оставен телефонски број, семејна фотографија и малку пари. 11 од 12 паричници им биле вратени на нивните сопственици од Хелсинки, додека во другите градови, само половина од нив им биле вратени на сопствениците.

14. Сауни има буквално насекаде

Интересни факти за животот во Финска, кои ќе ги изненадат и најискусните туристи

Како што претходно спомнавме, во Финска живеат 5 милиони луѓе, но тука има дури 2 милиони сауни односно повеќе одошто има автомобили. Секоја голема компанија и јавна институција има сауна намената за вработените, па дури и затворениците во Финска смеат да посетат сауна еднаш неделно. Најуникатното место, во коешто можете да појдете во сауна во Финска, е синџирот за брза храна Бургер Кинг.

15. Многу метал бендови

Интересни факти за животот во Финска, кои ќе ги изненадат и најискусните туристи

Во Финска го има најголемиот број на метал бендови по жител. Таму има повеќе од 600 бенда за секој еден милион жители, па дури и децата имаат свој омилен метал бенд, којшто се вика „Hevisaurus“. Музичарите на овој бенд, настапуваат облечени во диносауруски костими и пеат едукативни песни.

16. Национален ден за големите спанковци

Интересни факти за животот во Финска, кои ќе ги изненадат и најискусните туристи

Националниот ден на големите спанковци е на 27 јули, а претставува една интересна традиција во некои фински семејства. Според неа, се смета дека оној што ќе се разбуди најдоцна на овој ден, ќе биде мрзелив и непродуктивен цела година. Поради тоа, го будат со истурање вода врз него или го фрлаат во базен или езеро. Во финскиот град Наантали, овој празник е навистина специјален. Еден негов граѓанин којшто дал значаен придонес кон развојот на градот, го фрлаат во вода и на сите градоначалници од 1950-та година, па навака им е искажана почит на овој начин.

17. Држава на невообичаени натпревари

Интересни факти за животот во Финска, кои ќе ги изненадат и најискусните туристи

Покрај чудниот светски шампионат во којшто мажите ги носат жените на грб и трчаат до целта за да освојат пиво, оваа држава е популарна и по натпреварите во коишто треба да го фрлите вашиот телефон на далечина, како и фестивалот во којшто натпреварувачите свират на замислена гитара. Според идеологијата на „воздушната“ гитара, војните би завршиле, климатските промени ќе сопрат и сите лоши нешта ќе исчезнат, доколку сите луѓе во светот свират на замислена гитара.

18. Фински деликатес

Интересни факти за животот во Финска, кои ќе ги изненадат и најискусните туристи

Рецептот за овој невообичаен фински шот е многу едноставен: потребно е да ја отсечете средината од колбасот во кружен облик, да сипете вотка внатре и да нанесете една капна сенф на вашата рака. Излижете го прво сенфот, а потоа испијте го шотот и на крај изедете го колбасот.

19. Солено чоколадо

Интересни факти за животот во Финска, кои ќе ги изненадат и најискусните туристи

На сите оние коишто ја обожаваат комбинацијата од солена и блага храна, можеби ќе им се допадне ова финско чоколадо, во коешто има рипчиња – кркушки?!

Прочитајте ги и овие 13 чудни настани кои се случуваат само во Финска


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар