Интересни факти за устата
Автор: Весна Јовановска
Луѓето со потесно непце се посклони кон ‘рчење. Додека спијат, потешко им поминува кислородот преку носот, па затоа доаѓа до оваа непријатна појава.
Во текот на спиењето, еден од осум луѓе ‘рчи, а еден од десетмина чкрипи со забите.
На храната ѝ се потребни само 7 секунди од устата преку хранопроводот да стигне во желудникот.
Постојат околу 9.000 рецептори во устата. 3.000 од нив се наоѓаат на површината на јазикот. Рецепторите за вкус содржат хеморецептори. Тие реагираат на хемикалии од храна и други супстанци кои се разградуваат во плунката и можат да го задржат вкусот во устата дури до 10 дена.
Женските имаат повеќе рецептори од машките.
50% од бактериите во устата живеат на површината на јазикот. Кога се бакнувате, може да добиете 265 видови бактерии од вашиот партнер.
85% од луѓето можат да го свиткаат својот јазик во облик на цевка.
Секој човек има единствен отпечаток на јазикот, исто како и отпечатоците на прстите.
Ако вашиот јазик е многу сув, вие нема да можете да разликувате вкусови. Затоа пијте доволно вода.
За да почнете да зборувате потребно е да активирате 72 мускули.
Најсилниот мускул во човечкото тело е јазикот (во однос на мускулите со слична големина). Тој е единствениот мускул кој е прикачен за телото само со едниот крај.
Луѓето кои ја користат десната рака, несвесно и храната ја џвакаат на десната страна во устата, а леваците, на левата.
Во устата на еден човек, во текот на животот се лачат околу 37.854 литри плунка или 1,5 литри на ден. Таа е неопходна за да можеме да го почувствуваме вкусот на храната. Додека храната не се разгради во нашата уста, ние не можеме во целост да го почувствуваме нејзиниот вкус и да уживаме во него.
Сетилото за вкус е најслабото од петте сетила кај човекот.
Лековите, пушењето, недостатокот на витамини, повредите на главата, тумор на мозокот, како и изложеноста на хемиски материјали и радијација може да го оштетат сетилото за вкус.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.