Интересни факти за принцезата Дијана кои можеби не сте ги чуле досега

Интересни факти за принцезата Дијана кои можеби не сте ги чуле досега

Во 1981 година принцезата Дијана се омажила за принцот Чарлс и оттогаш нејзиниот живот бил следен од будното око на јавноста. Речиси сите податоци за неа се многу добро познати, но сепак можеби постојат некои факти кои не сте ги знаеле досега. Прочитајте за што станува збор…

Интересни факти за принцезата Дијана кои можеби не сте ги чуле досега

Принцот Чарлс најпрво бил во врска со постарата сестра на Дијана

Кога за прв пат ја запознал 16-годишната Дијана, принцот Чарлс имал 28 години и бил во врска со нејзината постара сестра која се вика Сара. Тие раскинале за кратко време и Сара им признала на медиумите дека никогаш не била вљубена во принцот Чарлс. Но, на Дијана ѝ се допаѓала помислата да биде дел од кралското семејство, дури имала и фотографија од Чарлс над креветот во интернатот каде што живеела. Две години по првата средба започнале да се состануваат, а Сара гордо изјавила дека таа ги запознала поради што се нарекувала себеси Купидон.

Венчаницата на Дијана влегла во кралската историја

Венчаницата на принцезата Дијана била украсена со повеќе од 10.000 мали бисерни светки и бисери. Фустанот бил речиси 8 метри долг, поради што влегол во кралската историја како најдолга венчаница. Тогаш чинела околу 115 илјади долари, а била изработена од страна на британските дизајнери Дејвид и Елизабет Емануел кои знаеле дека фустанот треба да биде драматичен за да влезе во историјата, но и да ѝ се допадне на Дијана.

Интересни факти за принцезата Дијана кои можеби не сте ги чуле досега

Таа ја прекршила традицијата кога го запишала принцот Вилијам во градинка

За образованието и воспитанието на најмладите членови на кралската фамилија обично се грижат приватни учители и гувернанти, но тоа се променило кога Дијана инсистирала да го запишат принцот Вилијам во градинка. Така тој станал првиот член од кралското семејство чие предучилишно воспитување не се одвивало во ѕидовите на палатата.

Иако на принцезата Дијана ѝ било многу важно нејзините синови да имаат што е можно понормално детство, таа направила неколку интересни отстапки. На пример, Дијана ја поканила Синди Крафорд на вечера во Бакингемската палата бидејќи многу му се допаѓала на тогаш 13-годишниот Вилијам.

Многу опуштено се однесувала во кујната

Принцезата Дијана многу често сакала да јаде сама, па затоа понекогаш го правела тоа седејќи на некој кујнски елемент, што е и тоа како опуштено однесување за еден член на кралското семејство. Имено, кога кралицата Елизабета влегувала во кујна, од слугите се очекувало да прекинат со работата, да ги стават тавите и лонците покрај шпоретот, да се поттргнат назад 3 чекори и да се поклонат. Освен тоа, на принцезата Дијана не ѝ одело баш готвењето, па затоа од понеделник до петок имала приватен готвач на располагање кој подготвувал оброци и за викенд, за да може да ги подгрее во микробранова печка.

Свршеничкиот прстен го одбрала од каталог

Наместо свршеничкиот прстен да биде изработен специјално за принцезата Дијана, таа го прелистала продажниот каталог од златарата Гарард, па така го одбрала славниот сафир кој ѝ се допаднал најмногу од сите останати модели. Наводно, прстенот ја потсетил на свршеничкиот прстен на нејзината мајка.

Нема сомнеж дека принцезата Дијана била навистина инспиративна личност, а доказ за тоа се и нејзините топли мисли за животот и љубовта.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар