Интересни факти за пеперутките

Интересни факти за пеперутките

Автор: Сара Турановиќ

Ви издвојуваме неколку интересни факти во врска со пеперутките.

1-interesni-fakti-za-peperutkite-kafepauza.mk

1. Пеперутките може да ја видат црвената, жолтата и зелената боја. Покрај нив, тие може да гледаат и низа ултравиолетови зраци кои се невидливи за човечкото око.

2. Најбрзите пеперутки може да летаат 5,4 метри во секунда, додека молците може да достигнат брзина и до 11 метри во секунда.

3. Пеперутките не може да летаат ако нивната телесна температура падне под 30 степени Целзиусови.

4. Пеперутките се насликани и на Египетските фрески кои се стари 3.500 години.

5. Има околу 24.000 видови пеперутки, додека молците се многу побројни – околу 140.000 видови.

6. Gonepteryx rhamni (Лимон пеперутка) е пеперутка која живее од 9 до 10 месеци, што е најдолг животен век за еден вид. Некои видови пеперутки живеат многу кратко, неколку недели, денови, па дури и неколку часови.

2-interesni-fakti-za-peperutkite-kafepauza.mk

7. Некои видови пеперутки не јадат ништо кога ќе пораснат, бидејќи не им се развила устата. Дури и дигестивниот систем им закржлавел кога биле гасеници.

8. Многу пеперутки можат да ја вкусат подлогата со своите нозе за да се уверат дали тој лист е вкусна храна за јајцата што ќе ги положат.

9. Пеперутките всушност имаат четири крилја кои се проѕирни. Боите на нив доаѓаат од ситните лушпи (кои личат на прашина), а самите крилја се исклучително чувствителни и можат многу лесно да се оштетат.

10. Некои видови пеперутки, како на пример Монарх, се преселници и тие во текот на зимата летаат во топлите краеви. Миграцијата изгледа апсолутно фантастично, а патот е долг илјадници километри.

3-interesni-fakti-za-peperutkite-kafepauza.mk

11. Во Перу живеат 3.700 видови пеперутки – најмногу од која и да било друга земја во светот.

12. Пеперутките сè уште не се детално проучени и се претпоставува дека постојат уште 500 неоткриени видови.

13. Просечната пеперутка е тешка колку две ливчиња од ружа.

14. Одредени видови пеперутки произведуваат токсини кои го обесхрабруваат предаторот да се храни со нив.

15. Пеперутките не можат да преживеат само со нектар. Тие пијат вода од барите кои се полни со неопходни минерали.

16. Пеперутките се кратковиди. Обично не гледаат подалеку од три метри.

17. Антарктик е единствен континент на кој не е пронајдена ниту една пеперутка.

18. После пчелите, пеперутките се на второто место на опрашувачи.

19. Еден од најдобрите индикатори за здрав и балансиран еко-систем е изобилството на пеперутки.

Butterflies, Key West Butterfly & Nature Conservancy, Key West, Florida Keys, Florida USA

20. Постојат четири фази во животниот циклус кај пеперутката: јајце, ларва, гасеница и пеперутка.

21. Пеперутката може да положи од 100 до 4.000 јајца.

22. Бонус факт: На секој 14 март се одбележува денот „Научи нешто за пеперутките“.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар