Претходно
Интересни факти за „Озборувачка“ (Gossip Girl)
Серијата „Озборувачка“ започна да се прикажува на 19 септември 2007 година, а зад неа стојат создавачот на „Округот Оринџ“ (The O.C.) Џош Шварц и Сефани Севиџ. Моментално е една од најгледаните и најпопуларните тинејџерски серии, најмногу поради гламурот и модата, како и поради специфичноста и комплексноста на секој лик поединечно. Главните улоги ги толкуваат Блејк Лајвли, Лејтон Мистер, Пен Беџли, Чејс Крафорд, Тејлор Момсен, Ед Вествик, Џесика Зор, Кели Ратерфорд и Метју Сетл. Еве неколку занимливости поврзани со серијата.
- ТВ серијата е базирана на новелите кои го носат истото име, напишани од Сесили фон Зигисер.
- Пилот епизодата од ова шоу, можеше да се преземе од iTunes, четири дена пред нејзината премиера на телевизија.
- Низ сите сезони на серијата се слуша гласот на наратор. Гласот е на Кристен Бел иако таа никогаш досега се нема појавено во серијата.
- Секоја епизода носи наслов на некој филм, преработен со игра на зборови.
- Во текот на сите сезони, ликовите и испраќаат пораки на „озборувачката“. Еве ја нејзината имејл адреса tips@gossipgirl.net .
- Улогата за Џорџина Спаркс и била понудена на Миша Бартон, но таа ја одбила.
- Лејтон Мистер морала да ја офарба својата руса коса во кафена, само за да учествува на аудицијата за улогата на Блер Волдорф.
- Пилот епизодата е единствената во која Чак Бес и Нејт Арчибалд, на училиште одат со автобус, а не со лимузини како вообичаено.
- Тејлор Момсен (Џени Хамфри), Ед Вествик (Чак Бес) и Лејтон Мистер (Блер Волдорф) покрај глумата, се занимаваат и со музика.
- Лили ван дер Вудсен на почетокот требало да се вика Дарла, но сценаристите го промениле името во последен момент.
- Ерик Даман, дизајнерот на костимите во „Озборувачка“, претходно бил асистент дизајнер во серијата „Сексот и градот“.
- „Lincoln Hawk“ е името на бендот во кој свири Руфус. Тоа исто така е името на Силвестер Сталоне во филмот „Over the Top“ снимен во 1987 година. Овој филм неколкупати е споменат како култна класика во „Округот Оринџ“, претходното успешно шоу на Џош Шварц.
- Серијата е толку популарна, што за неа е креирана тура низ Њујорк, со која се посетуваат местата каде што е снимана серијата. Ова е направено од луѓе кои истото го имаат направено и за „Сексот и градот“.
ja obozhavam.. ednostavno najpreekrasna serija, so presvrti, sluchki, fenomenalna e 😀
на која телевизија ја даваат?