Претходно
Интересни факти за лалињата
Лале – највообичаениот цвет на пролетта. Иако кога ќе се спомене ова цвеќе веднаш се асоцираме на Холандија, еве неколку интересни факти за лалињата кои не сте ги знаеле.
- Лалињата се трети најпопуларни цвеќиња во светот, после розите и хризантемите.
- Холандија доминира во одгледувањето на лалиња во светот. За ова е заслужен Карл Клузиус кој го донел лалето во Холандија. Тој бил професор по ботаника на Универзитетот во Лајден.
- Лалето потекнува од регионите околу Црното Море и Кримскиот полуостров.
- Турција била прва која почнала да ги култивира лалињата во 1530 година. Во Холандија стигнале 20 години подоцна.
- Лалето припаѓа на родот „Tulipa“ кој опфаќа 150 видови.
- Постојат околу 3.000 вариетети од лалиња, познати под различни имиња.
- Вообичаено, на една дршка има по еден цвет, но некои видови лалиња имаат и по 4 цветови.
- Лалињата се достапни од ноември до мај и имаат животен век од само 3-7 дена.
- Идеални предели за одгледување лалиња се оние кои имаат долга и свежа пролет со задоцнето лето.
- Ако одгледувате лалиња, треба да ги заштитите од мали животинки како зајаци, верверици и стаорци бидејќи ги јадат.
- Лалето е симбол на љубов, романтика, страст и сонување.
- Ова пролетно цвеќе е национален симбол на Турција.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.