Интересни факти за фудбалот
Автор: Сања Стојковска
Ви претставуваме некои интересни факти за најважната споредна работа во светот – фудбалот, што можеби не сте ги знаеле:1. Најстариот фудбалски клуб е формиран во 1857-ма година и го носи името ФК Шефилд.
2. Фудбалот е најгледаниот и најиграниот спорт на планетава.
3. Индиската репрезентација се повлекла од Светското првенство во фудбал во 1950-та година бидејќи не им било дозволено да играат боси.
4. Голманите не требало да носат различни дресови од своите соиграчи до 1913-та година.
5. Фудбалерите во просек трчаат по 9,5 километри на секој натпревар.
6. Повеќе од 1 милијарда луѓе го следат Светското првенство во фудбал на телевизија.7. Првиот кошаркарски натпревар бил изигран со фудбалска топка.
8. Французинот Стефан Станис е човекот кој има постигнато најмногу голови на еден натпревар. Тој во декември, 1942 година постигнал 16 голови, кога неговиот клуб Ленс победил со 32:0 против еден нисколигаш во францускиот куп.
9. Само во две финалиња на Светското првенство не учествувала екипа од Европа (1930 и 1950 година).
10. Најмногу навивачи на еден фудбалски натпревар имало во јули, 1950 година, кога на стадионот Маракана во Рио де Жанеиро, присуствувале 199.854 гледачи. Играле Бразил и Уругвај.
11. Најмалку гледачи на еден натпревар од Светско првенство во фудбал имало во Уругвај во 1930 година. На еден натпревар од тоа Светско првенство дошле само 300 луѓе, да го следат натпреварот во живо.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.