Претходно
Интересни факти за човечкото тело
Еве неколку интересни факти за човечкото тело кои ќе ве заинтересираат и подучат.
- На храната ѝ се потребни 7 секунди за да стигне од устата до стомакот.
- Просечен маж губи околу 40 влакна дневно, жената пак 70.
- На човечкото тело му се потребни од 1000 до 1500 калории дневно само за нормално функционирање (дишење, варење на храната, спиење…)
- За да направите само еден чекор, активирате 200 мускули.
- Срцето на жената чука побрзо отколку на мажот.
- Палците на вашите раце се долги колку и вашиот нос.
- Секојдневно телото на возрасен човек, создава нови 300 милијарди клетки.
- Во просек, вдишуваме 23 000 пати дневно.
- Бедрената (бутната) коска на човекот е поцврста од бетон.
- Повеќето луѓе трепкаат 25 пати во минута.
- Секој човек има уникатен отпечаток од јазикот.
- Во човечкото тело има доволно железо за да се направи една мала шајка.
- Во една година, срцето ни отчукува 40 милиони пати.
- Кога киваме сите органски функции застануваат, дури и срцето престанува да чука.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.