Интересни факти поврзани со виножитото

Интересни факти поврзани со виножитото

Виножитото е појава која фасцинира и одзема здив. Како што растеме престануваме да веруваме во приказните за златото кое се крие на крајот на виножитото, но тоа не прави да уживаме помалку во прекрасната глетка.

Интересни факти поврзани со виножитото

Еве некои интересни факти за виножитото кои можеби не сте ги знаеле:

Виножитото е мешавина од бои, заедно склопени како рефлексија на сончевите зраци кои се прекршуваат низ ситни капки вода во атмосферата.

Центарот на виножитото е директно наспроти сонцето.

Повеќето мислат дека виножитото е составено само од црвена, портокалова, жолта, зелена, сина, темно сина и виолетова боја, но виножитото е спектар од повеќе бои и не сите се видливи за човековото око.

Виножитото настанува кога на еден дел од небото врне, а на другиот грее сонце. За да го видите виножитото треба да сте поставени така што сонцето ќе биде позади вас, а дождот пред вас.

Лунарно виножито е виножитото предизвикано од месечевата светлина, но боите на ова виножито се послаби.

Интересни факти поврзани со виножитото

Кога се создава виножитото има бела боја, но како што светлото се рефлектира во атмосферата, сончевата светлина се прекршува и ние го гледаме во најразлични бои.

Боите на виножитото сите ги гледаат различно, во согласност со светлината и зависно од тоа како нивните очи го толкуваат овој спектар на бои. Така, кога двајца го гледаат виножитото, едниот ја гледа неговата рефлексија од свој агол, а другиот од различен.

Веројатно знаете дека не може да го видите крајот на виножитото, но така е бидејќи крајот не постои, целосната форма на виножитото е кружна, па затоа тоа ни „бега“ и не можеме да го стигнеме.

Виножитото дава позитивна енергија, неговите бои имаат релаксирачко влијание врз оние кои ги гледаат.

Боите на виножитото се универзален симбол за мир и хармонија.

Седумте главни бои на виножитото ги претставуваат седумте центри за енергија во човековото тело.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар