Интересни детски желби упатени до Дедо Мраз

Интересни детски желби упатени до Дедо Мраз

Сигурно секој од вас како дете има подготвувано листа со желби до Дедо Мраз. Некои од нив биле пореални, додека пак други неостварливи, но во секој случај искрени и полни со надеж. Погледнете дел од најсмешните изјави кои може да се слушнат токму од најмалите, а кои се упатени директно до Дедо Мраз.

Интересни детски желби упатени до Дедо Мраз

1. Знам дека се однесував многу лошо оваа година, но ти ветувам дека наредната ќе се однесувам подобро, па би било добро да ме посетиш и да ми донесеш подарок.

2. Ако се разбудам, те молам не си оди без да оставиш подарок. Минатата година направи многу врева, па те слушнав и ми се отворија очите! Но, сепак, ти остави убави подароци. Те молам, може ли да го направиш истото и оваа година, дури и да ги отворам очите?

3. Не грижи се ако Џек, нашето куче, лае. Тој не е лош. Лаењето е нешто што го прават кучињата. Затоа, без разлика на тоа, те молам остави подароци. Ако си многу, многу исплашен од лаењето на Џек, тогаш би можел ли да ги оставиш подароците надвор?

4. Те сакам, Дедо Мраз. Како летаат твоите ирваси? И дали Рудолф навистина сака моркови?

5. Колку години имаш? Многу си стар, илјада? Можеби педесет?

6. Драг Дедо Мраз, те молам пиши му на татко ми. Тој ја има целата моја листа. Те сакам.

7. Драг Дедо Мраз, јас те сакам, а ти мене? Би сакал една видео игра. Наредната година ќе ти дадам пари. Како ти звучи ова? Супер, а и на мене исто така. Договорено е.

8. Дедо Мраз, ќе ми дозволиш ли да те видам?

9. Драг Дедо Мраз, дали си вистински? Затоа што не сум сигурна. Ако си, тогаш те молам напиши на картичката која ќе ми ја испратиш. Ако не, нема да добијам картичка од тебе.

10. Драги помошници на Дедо Мраз, моето име е Кристофер. Јас имам 9 години и ви пишувам затоа што би сакал да му кажете на Дедо Мраз дека бев добар во училиште, со моите учители, со мојот мал двегодишен брат и со моите родители. Можете ли да ми направите услуга и да му кажете на Дедо Мраз дека ми треба таблет за да ја извршувам домашната задача од училиште и да вежбам математика и англиски? И дали би можеле да му кажете на Дедо Мраз да му донесе големи лего коцки на мојот брат, затоа што не сакаме тој да ги јаде помалите? Ќе го чекам Дедо Мраз дома и ќе оставам колачиња и чаша млеко. Ви благодарам.

11. Драг Дедо Мраз, сакав да ти кажам дека сум добро. Дали би можел да направиш да се претворам во змеј, те молам?

12. Имам одлична идеја. На Нова година, кога ќе одиш во сечија куќа, би можел ли да ги земеш сите оружја и да ги ставиш во твојата вреќа и потоа да ги скриеш на Северниот пол, па никој повеќе да не може да убива на овој свет. Ти благодарам.

13. Дали би можел да ми дозволиш да те видам? Знам дека е втор пат како го барам ова од тебе, но навистина сакам да те видам.

14. Драг Дедо Мраз. Жал ми е за она што го направив во минатото и ти благодарам за писмото. Тоа што го сакам за подарок оваа година се 5,3 милијарди долари. Те молам пиши ми уште едно писмо оваа година. Те сакам.

15. Здраво, јас сум Софија. Ако знаеш каде ми се црните хеланки, те молам пиши ми и кажи ми.

Погледнете уште интересни детски новогодишни желби и пораки упатени до Дедо Мраз од страна на најмладите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар