Претходно
Интересни детски загатки кои можат да ги збунат дури и зрелите возрасни
Овие загатки се одлична занимација за вас и вашите деца. Особено ако сакате да ги поттикнете на креативно размислување, но истовремено да го размрдате малку и вашиот мозок. Обидете се да ги решите сите, а потоа пишете до каде успеавте да стигнете…
1. Лета по раѓање, лежи во текот на целиот свој живот и исчезнува кога ќе умре. За што станува збор?
Одговор
2. Каков вид камења никогаш не можат да се најдат во море?
Одговор
3. Една просторија има 4 ќошеви. Крај секој ќош има по 1 мачка. Секоја мачка гледа во 3 мачки. Колку мачки има во просторијата?
Одговор
4. Секогаш е пред нас, но никогаш не можеме да го видиме. За што станува збор?
Одговор
5. Што е многу лесно за подигнување, но многу тешко за фрлање?
Одговор
6. Кои две нешта никогаш не можете да ги имате за појадок?
Одговор
7. Што може да скокне повисоко од зграда?
Одговор
8. Што е тоа што е ваше, но сите го користат?
Одговор