Интересна студија ни открива дека луѓето што почесто користат Интернет се помалку религиозни
На некој начин науката потврдила дека Интернетот е „безбожно“ место. Според едно ново истражување, луѓето кои користат Интернет поретко имаат влијание од религиите.
Истражувањето објавено во Journal for the Scientific Study of Religion било изведено од страна на истражувачи од еден приватен христијански универзитет во САД. Во истражувањето учествувале 1,714 испитаници кои кажувале за нивните религиски верувања и користењето на Интернет.
Резултатите покажале дека зголеменото користење на Интернет резултира со помали шанси за религиозност. Сепак, почестото користење на Интернет немало влијание во вклучувањето во религиозни активности. Од друга страна, почестото гледање телевизија било поврзано со намалено вклучување во религиозни активности, но не и намалено верување. Авторот на истражувањето, Пол К. Меклур изјавил:
„Едно од најважните откритија од ова истражување е дека зачестената употреба на Интернет може да се поврзи со изгубената верба во одредена религија. Исто така откривме дека луѓето кои поминуваат повеќе време онлајн поретко веруваат дека постои само една вистинска религија.“
Од веб-сајтот на МИТ, Technology Review, во 2014 разговарале со Ален Дауни, компјутерски научник на Универзитетот за инженерство во Масачусетс. Користејќи податоци од над 9.000 луѓе кои учествувале во една социјална анкета, Ален заклучил дека Интернетот предизвикал големо намалување на верниците во изминатите 2 децении. Од Technology Review изјавиле:
„Тој смета дека најголемото влијание на припадноста на некоја религија има воспитувањето – луѓето кои се религиски воспитани имаат поголеми шанси да припаѓаат на некоја религија. Но, бројот на религиски воспитани луѓе е значително намален од 1990-та година. Лесно е да се замисли како ова води до намален број на верници. Всушност, анализата на Дауни покажува дека ова е важен фактор. Сепак, овие податоци објаснуваат само околу 25% од намалувањето на бројот на верници.“
Ален Дауни изјавил:
„За луѓето кои живеат во хомогени заедници, Интернетот нуди можност да најдат информации за луѓе од други религии, или луѓе без религија, и лично да разговараат со нив. Потешко е, но не и невозможно да се најдат веродостојни причини за тоа зошто намалувањето на припадноста на религија предизвикува зголемено користење на Интернет.“
Дали знаевте дека во некои држави постои можност религијата целосно да изумре?