Интересна студија: Колку повеќе секс имате, толку подобра ќе биде вашата меморија!

Интересна студија: Колку повеќе секс имате, толку подобра ќе биде вашата меморија!

Честиот секс има многу позитивни влијанија врз двајцата партнери – може да ве ослободи од стресот, да ви помогне побрзо да оздравите ако сте настинати или пак да ви го „наполни“ егото со самата идеја дека сте посакувани. Исто така, помага и во подобрување на меморијата, особено кога веќе сте на позрели години и често заборавате на некои ситници.

Повеќе секс ја подобрува вашата меморија

Паровите кои имаат редовен секс, при едно истражување покажале дека имаат и подобра меморија, споредено со оние кои со партнерот споделуваат помалку нежности. Бакнежите и допирите на мозокот му праќаат сигнал дека телото се чувствува добро, а со тоа тој е и порелаксиран и полесно ги извршува другите функции.

Во студијата на Универзитетот во Волонгонг, Австралија, две години се набљудувале 6.000 учесници на возраст над 50 години, како и нивните животни навики. Оние кои биле повеќе сексуално активни, успевале полесно да се сетат на поблиски и подалечни спомени.

Но, истото важи и за помлади парови кои имаат редовен интимен живот. Сексот ја подобрува меморијата и ја стимулира активноста на нервите во мозокот, во делот одговорен за складирање на епизодни и парцијални спомени.

Прочитајте ги и овие 5 чудни факти за меморијата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар