Интересна и необична студија: Босите деца се поинтелигентни деца!

Интересна и необична студија: Босите деца се поинтелигентни деца!

Ако на вашето бебе не му облекувате чорапи и чевли, тогаш вие му давате шанса интелектуално подобро да се развие. Само затоа што вам ви е студено, не мора да значи дека истото го чувствуваат и вашите најмали.

Зошто децата кои често се боси израснуваат во поинтелигентни луѓе?

Всушност, родителите кои на своите малечки секогаш им облекуваат чорапи и чевли, на некој начин го ограничуваат развојот на нивната интелигенција. До овој заклучок дошле научници од универзитетот во Мадрид и истиот го прикажале во студијата „Босите деца се поинтелигентни деца“. Потребно е да се потенцира дека ова особено се однесува на малите деца. Според оваа студија, единствена причина да ги покривате стапалата на вашите деца е големиот студ.

Според тврдењето на експертите, во првите месеци од животот, стапалата имаат задача да го „информираат“ бебето за сѐ што се однесува на надворешниот свет. Подоцна, тие со рацете ги фаќаат нозете, ги ставаат во уста, каде што се најчувствителните нервни завршетоци. Истражувањето јасно покажало дека обувките ги спречуваат малите деца да експериментираат, допирајќи ги своите стапала. А со сетилните искуства се поттикнува развојот на интелигенцијата кај бебињата и тоа им помага тие да го запознаат светот околу себе. Ова би требало да биде доволна причина да не му облекувате чорапи и обувки на вашето бебе, туку да го правите тоа само во одредени простории каде што навистина е студено.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар