Интересен кус тест на личноста: Што говори за вас начинот на кој ги поставувате рацете?

Интересен кус тест на личноста: Што говори за вас начинот на кој ги поставувате рацете?

Ова не е класичен тест. Не треба да одговарате на прашања, само да направите 4 задачи и да ги запишете нивните толкувања. Изведувајте ги без размислување, како што ќе ви дојде и имајте лист и хартија настрана за да ја запишете соодветната буква после секоја задача. Овој тест ќе ви одземе една многу забавна минута од вашето време.

0-interesen-kus-test-na-lichnosta-shto-govori-za-vas-nachinot-na-koj-gi-postavuvate-racete-kafepauza.mk

1. Фатете ги рацете една со друга, вкрстувајќи ги прстите

1-interesen-kus-test-na-lichnosta-shto-govori-za-vas-nachinot-na-koj-gi-postavuvate-racete-kafepauza.mk

Ако палецот на десната рака ви е над левиот, запишете Д, ако е обратно – Л.

2. Поставете ги рацете како да нишаните кон невидлива цел затворајќи го едното око

2-interesen-kus-test-na-lichnosta-shto-govori-za-vas-nachinot-na-koj-gi-postavuvate-racete-kafepauza.mk

Ако ви е отворено левото око, а десното затворено напишете Л, ако сте постапиле обратно запишете Д.

3. Прекрстете ги рацете на градите

Woman's Hands Over Chest

Ако левата рака ви е над десната, запишете Л, а за спротивното забележете Д.

4. Заплескајте со рацете

4-interesen-kus-test-na-lichnosta-shto-govori-za-vas-nachinot-na-koj-gi-postavuvate-racete-kafepauza.mk

Ако левата рака ви е поактивна запишете Л, а ако поактивна ви е десната – Д. Ако ракоплескате хоризонтално и левата рака ви е одозгора врз десната, тоа е Л, за обратната ситуација – Д.

РЕЗУЛТАТИ

На листот треба да имате 4 букви, кој по соодветниот редослед го откриваат значењето.

5-interesen-kus-test-na-lichnosta-shto-govori-za-vas-nachinot-na-koj-gi-postavuvate-racete-kafepauza.mk

ДДДД – Конзервативни сте, традиционални, не сакате кавги, цените чесност и морал.

ДДДЛ – Неодлучни сте, често несигурни во себе, емотивни и сочувствителни.

ДДЛД – Комуникативни сте, одлучни, имате смисла за хумор и уметност.

ДДЛЛ – Ретка комбинација. Имате особини слични на претходниот тип, само што сте помеки и поемотивни.

ДЛДД – Спој на памет и мекост. Тешко стекнувате навики, барате многу во односите, толерантни сте и по малку дистанцирани, но длабоки како личност.

ДЛДЛ – Уште една ретка комбинација. Понекогаш се чувствува беспомошно. Има склоност да потпадне под туѓо влијание, но има добро срце.

ЛДДД – Емотивност, недостаток на жилавост и упорност кога се работи за некои прашања, добро се прилагодува на туѓи влијанија, чувствителна и искрена личност.

ЛДДЛ – Исто како претходната личност, но со мек карактер, блага наивност, веселост, луѓето ве сакаат.

ЛЛДД – Наклонетост и едноставност, многу интереси и ориентирана кон себе, проникливост.

ЛЛДЛ – Рамнодушност, мекост, наивност, добрина, нежност.

ЛЛЛД – Емоционалност, енергичност, ослободеност.

ЛЛЛЛ – Либерална личност со способност да го согледа старото и новото. Силна и емотивна, со вроден индивидуализам, малку и егоизам, тврдоглавост, понекогаш се изолира.

ЛДЛД – Многу силен карактер. Невозможно е да ги смени своите ставови, енергичност, упорност во постигнување на своите цели.

ЛДЛЛ – Сличен на претходниот карактер, помек, склон на самоанализа. Има тешкотии да стекнува пријатели, малку е затворен, но искрен.

ДЛЛД – Личност која знае да избегне конфликти, комуникативна, често менува хоби и интереси.

ДЛЛЛ – Независна личност, сè сака да направи сама, храбра, одлучна, лидер.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар