Интересен и необичен тест: Каков е вашиот птичји карактер?

Интересен и необичен тест: Каков е вашиот птичји карактер?

Сите ние ги обожаваме карактерните тестови бидејќи нè учат на нешто ново за нас, па токму затоа решивме да го споделиме и овој тест со вас. Според Јасир Осман, креаторот на овој тест, сите луѓе можат да се поделат во 4 групи, односно во „неутрален гулаб“, „аналитичен був“, „рационален паун“ или „одлучен орел“. Секоја од овие птичји групи претставува различни карактери. Сите птици имаат сопствени желби, емоционални потреби, фактори кои ги контролираат, како и уникатни карактеристики. Што мислите, во која категорија спаѓате вие?

Интересен и необичен тест: Каков е вашиот птичји карактер?

Познавањето на карактерните стилови на луѓето околу вас ќе ви помогне да имате подобар однос бидејќи можете да ги погледнете од различни перспективи и да употребите соодветни стратегии при одржување на вашата блискост. Секоја птица има различни карактеристики и различен начин на кој се справува со врските, емоциите, комуникацијата и конфликтот. Овој тест, познат и како D.O.P.E (dove, owl, peacock, eagle), се базира на тестот за оригиналните 4 карактерни видови составен од страна на д-р Гери Котур.

Ние лесно можеме да ги разбереме карактерните црти кои се поврзуваат со овие 4 птици. Доколку видите нивни претставници, лесно можете да ги категоризирате и соодветно да се поставите пред нив. На тој начин сите ваши врски, без разлика дали се љубовни, пријателски, семејни или работни, ќе бидат многу поцврсти и поиздржливи. На пример, следниве карактерни црти се најдоминантни за секоја од 4-те птичји групи:

1. Гулаб – мирољубивост и нежност

2. Був – логика и интелигенција

3. Паун – центар на внимание и социјалност

4. Орел – смелост и одлучност

Овие тестови се најефикасни во оние моменти кога треба да откриете нечии инстинктивни одговори на конфликт. Доколку добро ги проучите и разберете нивните однесувања, тогаш без сомнение подобро ќе се справувате со конфликтот. Вие ќе имате увид во нивните сили и слабости, но и ќе можете подобро да ги разберете нивните реакции со цел да создадете позитивно решение и за двете страни.

Можете да го направите тестот на следниов линк, за да откриете точно во која категорија спаѓате, но лесно можете да ја дознаете категоријата на оние околу вас преку карактеристиките кои следуваат.

Гулаб

Гулабите имаат висока емоционална интелигенција, но се многу пасивни при комуникацијата.

Позитивни карактеристики:
  • Трпеливост
  • Несебичност
  • Доверба
  • Интровертност
  • Избегнување ризици
  • Почит
  • Искреност
  • Релијабилност
  • Опуштеност
Негативни карактеристики:
  • Зависност
  • Предвидливост
  • Следбеници
  • Наивност

Був

Бувовите имаат висока логична интелигенција, но се многу пасивни при комуникацијата.

Позитивни карактеристики:
  • Интровертност
  • Смиреност
  • Промисленост
  • Правда
  • Свесност
  • Решителност
  • Конзервативност
  • Насоченост кон деталите
  • Внимателност
  • Љубопитност
Негативни карактеристики:
  • Недоверба
  • Насоченост кон себеси
  • Неодлучност
  • Одмаздољубивост

Паун

Пауните имаат висока емоционални интелигенција и се многу активни при комуникацијата.

Позитивни карактеристики:
  • Зборливост
  • Отворен ум
  • Енергичност
  • Емоционалност
  • Харизма
  • Социјалност
  • Ентузијазам
  • Авантуристи
  • Натпреварувачки дух
Негативни карактеристики:
  • Нефокусираност
  • Емоционалност
  • Себичност
  • Потреба за контрола
  • Доминација
  • Жед за моќ

Орел

Орлите имаат висока логична интелигенција и се многу активни при комуникацијата.

Позитивни карактеристики:
  • Харизма
  • Искреност
  • Преземање иницијатива
  • Независност
  • Водени од целите
  • Агресивни
  • Мотивирани
  • Бестрашни
Негативни карактеристики:
  • Ригидност
  • Без сочувство
  • Егоизам
  • Контроверзија
  • Нетрпеливост
  • Претерана упорност
  • Тврдоглавост

Од сите категории, најчесто застапената е токму орелот, со околу 29% од цената популација. Доколку сакате да добиете подобра слика за луѓето околу вас, побарајте од нив да го направат овој тест со цел да откриете нешто повеќе за начинот на кој функционираат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар