Интересен експеримент открива колку е лесно да се стане лажна Инстаграм ѕвезда и да се заработува од тоа
Секако дека ако следбениците не ги лајкуваат и не коментираат на објавите, тие се безвредни. Па така, следниот чекор бил да се купи лажна заинтересираност.
„Откако собравме неколку илјади следбеници за секој профил, почнавме да купуваме лајкови и коментари“, открила агенцијата.
Mediakix плаќале по 12 центи за коментар и од 4 до 9 долари за 1.000 лајкови. За секоја фотографија, тие купувале од 500 до 2.500 лајкови и од 10 до 50 коментари. Целиот експеримент ги чинел околу 1.000 долари (700 долари за calibeachgirl310 и околу 300 долари за wanderinggirl).
Откако calibeacjgirl310 и wanderinggirl достигнале по 10.000 следбеници (минималната бројка што е потребна за да ги привлече највлијателните маркетинг платформи), Mediakix почнале да ги пријавуваат за договори со спонзори.
„Обезбедивме вкупно 4 платени договори со брендови, по два за секој профил. Модниот профил направи договор со компанија за костими за капење и со национална компанија за храна и пијалаци. Профилот со патувања склучи договори со алкохолен бренд и со истата национална компанија за храна и пијалаци. За секоја кампања, ’влијателните’ профили добиваа парична компензација, бесплатни производи или и двете“, објасниле Mediakix.
Овие резултати се загрижувачки за сите што трошат пари на ваквите маркетинг кампањи. Инстаграмџиите со лажни следбеници и заинтересираност можат лесно да измамат брендови вредни повеќе милиони долари. Звучи премногу лесно, се согласувате? Би се обиделе вие со ваков начин на заработка?
Доколку и вие сакате да заработувате на ваков начин, дознајте како овој љубовен пар заработува по 9.000 долари за една фотографија на Инстаграм.