Интересен експеримент открива колку е лесно да се стане лажна Инстаграм ѕвезда и да се заработува од тоа
Маркетингот на Инстаграм е моќна индустрија вредна околу 1 милијарда долари и не ви треба слатко куче или неверојатен начин на живот за да станете дел од неа. Според истражувањето спроведено од страна на маркетинг агенцијата Mediakix, секој може да потпише профитабилни договори со познати брендови.
Агенцијата креирала 2 лажни профили на Инстаграм: „Инстаграм модел со интересен животен стил и извонреден моден вкус“ и „Фотограф со авантуристички дух кој патува низ светот“.
За првиот профил, Mediakix изнајмиле модел и ја обработиле целата содржина на каналот со помош на еднодневна фотосесија. Тие ја претставиле Алекса Рае или позната како calibeachgirl310.
Вториот профил бил посветен на Аманда Смит (wanderinggirl) и овој пат Mediakix отишле уште подалеку. Целата содржина била составена од бесплатни фотографии симнати од Интернет од различни места ширум светот и русокоси девојки кои секогаш позирале со грбовите свртени кон фотоапаратот.
Откако ги смислиле лажните ликови и ја средиле содржината на профилите, агенцијата почнала да купува следбеници.
„Почнавме да купуваме по 1.000 следбеници дневно бидејќи се загриживме дека ако купиме премногу следбеници одеднаш, Инстаграм ќе ни го забрани профилот. Меѓутоа, набрзо дознавме дека можеме да купиме и до 15.000 следбеници одеднаш без никакви проблеми“, изјавиле Mediakix.
Сигурно се прашувате колку чини сето ова? Од 3 до 8 долари за 1.000 следбеници.
Продолжува на следната страница…