Интелигенција и цврст став? Не! Изгледа дека мажите повеќе се привлечени од жени со вакви карактеристики...

Интелигенција и цврст став? Не! Изгледа дека мажите повеќе се привлечени од жени со вакви карактеристики…

Според едно неодамнешно истражување, во просек, мажите не се толку заинтересирани за жените со висока интелигенција и цврст став. Со цел да дојдат до одговорот на прашањето какви жени најмногу ги привлекуваат мажите, научниците им покажале на група испитаници фотографии од различни жени на кои тие требало да ги оценат оние што им се допаѓаат.

За големо изненадување на научниците, резултатите биле сосема спротивни од тоа што се очекувало. На пример, жените што делувале кревко и ранливо, како оние со низок раст и слаба фигура, добивале многу ниски оценки. На дното се нашле и интелигентните, силни и самоуверени жени. Од друга страна пак, секоја психолошка ранливост била наведена како пожелна, а највисоки оцени добиле оние жени што делувале детинесто, па можеби дури и по малку „глупаво“.

Не ви се верува? Нештата ќе ви станат многу појасни, кога ќе го дознаете одговорот на следната фаза од тестирањето. По оценувањето, научниците ги прашале испитаниците за сериозна врска со жените што добиле највисоки оценки – детинестите и помалку интелигентите, и одеднаш интересот за нив целосно се намалил. Со други зборови, сите овие особини што се посакувани од страна на мажите се поврзани со сексуалното искористување. Изгледа тие воопшто не мислеле на долг рок кога ги давале оценките, и оценувале само во однос на сексуална привлечност.

Па, ако сакате да освоите маж на долг рок, тогаш слободно дајте сè од себе, и не се плашете да ги покажете сите свои атрибути.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар