Инспирирано од Инстаграм: Оригинални начини за складирање на шминката - Part 2

Инспирирано од Инстаграм: Оригинални начини за складирање на шминката

Иако изработката на една ваква комода бара големо парично вложување, не можеме, а да не ја спомнеме. Исто како мала парфимерија, вашата шминка секогаш би била уредно подредена и организирана.

9-inspirirano-od-instagram-originalni-nachini-za-skladiranje-na-shminka-www.kafepauza.mk_

Она што секоја од нас може да го направи е да купи поголеми или помали пластични кутии без поклопец и да ги нареди во фиоката во бањата. Во нив може да ја чувате шминката која поретко ја користите, но затоа пак, во секој момент ќе знаете кој производ каде ви се наоѓа.

10-inspirirano-od-instagram-originalni-nachini-za-skladiranje-na-shminka-www.kafepauza.mk_ 11-inspirirano-od-instagram-originalni-nachini-za-skladiranje-na-shminka-www.kafepauza.mk_

Малите полици се одлични за држење на шминката која секојдневно ја користите, за секој ваш омилен производ да ви биде на дофат.

12-inspirirano-od-instagram-originalni-nachini-za-skladiranje-na-shminka-www.kafepauza.mk_ 13-inspirirano-od-instagram-originalni-nachini-za-skladiranje-na-shminka-www.kafepauza.mk_

Ова креативно решение е одлично за чување на мали мејкап производи, како што се кармините или лаковите за нокти. Задолжително купете „организатор“ кој е направен од провиден материјал, за да можете во секој момент да го најдете бараниот производ.

14-inspirirano-od-instagram-originalni-nachini-za-skladiranje-na-shminka-www.kafepauza.mk_ 15-inspirirano-od-instagram-originalni-nachini-za-skladiranje-na-shminka-www.kafepauza.mk_

Доколку сте посебно креативни, еве уште една оригинална идеја за вас. Садовите за коцки мраз и свеќниците исто така, може да ви послужат за уредно чување на шминката.

16-inspirirano-od-instagram-originalni-nachini-za-skladiranje-na-shminka-www.kafepauza.mk_ 17-inspirirano-od-instagram-originalni-nachini-za-skladiranje-na-shminka-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар