Инфографик: Погледнете каков бил животот на модната икона Коко Шанел

Инспиративниот живот на Коко Шанел: Дизајнерката која засекогаш ја промени женската мода

Како една од клучните модни дизајнери кои извршиле огромно и трајно влијание врз женската модна сцена во 20-от век, Габриел „Коко“ Бонур Шанел (1883-1971) родена во Самур, Франција дефинитивно заслужува специјално признание. Со креирање на модни парчиња како што се малиот црн фустан, костимот Шанел, синџирестите чантички прекриени со штавена кожа, како и нејзиниот препознатлив парфем Chanel No.5, Коко станала легендарна модна икона, која креирала безвременски дизајни, кои никогаш нема да излезат од мода.

Инфографик: Погледнете каков бил животот на модната икона Коко Шанел

Погледнете го инфографикот на крајот од текстот.

Додека ги креирала нејзините модни парчиња, таа особен акцент ставала на удобноста. Промовирањето еден поинаков, кежуал и релаксиран изглед, кратки здолништа и ѕвонарки, претставувало тотална спротивност на модата за носење корсети, која била популарна во тоа време.

Шанел имала многу тешко детство. Ја изгубила својата мајка кога имала само 12 години и тогаш татко ѝ решил да ја прати, заедно со нејзините четири сестри во женски манастир во Обазин, централна Франција, каде останала цели шест години. Покрај фактот дека таа имала многу тежок период уште од рана возраст, а образованието во сиропиталиштето било многу строго, сепак сето ова имало и своја позитивна страна – калуѓерките во текот на престојот ја научиле да шие и тоа биле почетоците на нејзината понатамошна кариера како дизајнерка. Таа никогаш не кренала раце од животот. Напротив, животните тешкотии кои ги искусила во младоста, на некој начин ја инспирирале да си изгради сосема поинаков животен за себе, кој ќе ја направи среќна.

Инфографик: Погледнете каков бил животот на модната икона Коко Шанел

Пред да стане моден дизајнер, Коко Шанел имала кратка кариера како пејачка во кабаре (1905-1908 г.) во Виши и Мулен, каде што веројатно го добила прекарот „Коко“. Некои велат дека нејзиниот прекар дошол од некоја од песните коишто ги пеела таму. Од друга страна, според една статија објавена во „The Atlantic“, самата Шанел изјавила дека Коко е всушност скратена верзија од францускиот збор „cocotte“, што во превод означува љубовница, куртизанка.

Кога имала околу 20 години, Шанел започнала врска со богатиот текстилен наследник Етиен Балзо, кој ѝ помогнал да го започне нејзиниот бизнис. Набрзо, таа го оставила Етиен за неговиот уште побогат пријател, Артур Едвар „Бој“ Капел. Секој од нив бил од голема помош во отворањето на првиот бутик за шапки на Шанел во Париз, 1910 г., а подоцна и во Дувил, 1913 г. и во Бијариц, 1915 г. Овие двајца мажи исто така ѝ помогнале и да најде женски клиенти, така што нејзините капи набрзо станале екстремно популарни. Преку продажба на шапки и лимитирана линија на облека, продавниците на Коко Шанел развиле посветена клиентела, па таа набрзо постигнала огромен успех.

Инфографик: Погледнете каков бил животот на модната икона Коко Шанел

Најголем дел од облеката на Шанел била сошиена од материјалот жерсе (трикотажа). Оваа ткаенина во тоа време се употребувала само за шиење на машка долна облека. Одлуката на Шанел да го користи токму овој материјал во нејзината модна линија, ѝ донел уште повеќе обожаватели. На почетокот од нејзината кариера како дизајнер, кога била во критична финансиска ситуација, Коко го купувала овој материјал бидејќи бил евтин, но продолжила да го користи и откако нејзиниот бизнис процветал, поради неговиот добар квалитет. Трикотажата одлично прилегала на едноставните, елегантни и практични модни парчиња на Шанел, кои честопати биле инспирирани од машката мода. Трикотажата била добар избор и за широко распространетите униформи, кои станале актуелни кога започнала Првата светска војна (1914 г.).

Не само што војната не ја спречила амбициозната и инспиративна Шанел да продолжи да работи енергично, туку таа во тој период дури и го отворила својот бутик во Бијариц. Во 1919 г. нејзиниот љубовник Артур трагично го изгубил својот живот во сообраќајна незгода, но Шанел и покрај тешкиот период, продолжила да работи. Во 1922 г, таа го лансирала легендарниот парфем Chanel No.5, кој останал профитабилен и популарен производ од нејзината компанија, до ден-денес. Во 1925 г., го креирала легендарниот костим Шанел со сако без јака и аналогно здолниште, а во 1926 г. светот го добил малиот црн фустан на Шанел.

Инфографик: Погледнете каков бил животот на модната икона Коко Шанел

Самата Шанел се облекувала во мажествен стил и ги вовела тие поудобни трендови, кои биле многу ослободувачки и за многу други жени од тоа време. Интересно е да се спомене дека повеќето од нејзините трендови имале моќ да останат трајно на светската модна сцена. Тие не се менувале премногу од година во година, ниту пак од генерација во генерација.

Во 1939 г. таа била принудена да ги затвори сите нејзини продавници, поради избивањето на Втората светска војна. Таа триумфално се вратила во модниот свет, на 70-годишна возраст. Во почетокот, добила негативни коментари од критичарите, но нејзините едноставни и женствени дизајни, набрзо ги освоиле срцата на купувачите ширум светот.

Коко Шанел починала на 19 јануари, 1971 г., кога сè уште работела на нејзините дизајни. Во 1983 г. Карл Лагерфилд ја преземал модната куќа на Шанел во своја сопственост, за да ја продолжи нејзината приказна.

Инфографик: Погледнете каков бил животот на модната икона Коко Шанел

Отворете го инфографикот во поголема верзија

Инфографикот е изработен од: fashioncorner.net.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар