Инспиративни мисли кои ќе ви помогнат во борбата со депресијата

Инспиративни мисли кои ќе ви помогнат во борбата со депресијата

Една од најтешките психолошки состојби е депресијата. Но, тоа не значи дека нема начин да се справите со неа. Понекогаш доволна е само мала модификација на ставот за веднаш да забележите промена во вашите чувства. Токму затоа погледнете ги овие инспиративни мисли кои ќе ви помогнат да се изборите со депресијата и да се вратите на вистинскиот пат во вашиот живот…

Мисли кои ќе ви помогнат во борбата со депресијата

„Потребна е долготрајна посветеност за да се изборите со депресијата. Јас ја направив таа посветеност за мое добро, но и за доброто на оние кои ме сакаат.“ – Сузан Полис Шутс

„Откако ќе ја изберете надежта, сè е можно.“ – Кристофер Рив

„Бисерот е прекрасно нешто кое настанува од повреден живот. Тоа е солзата која настанува од повредата на школката. Богатството на нашето постоење во овој свет е исто така создадено од повреден живот. Доколку не сме биле повредени, немаше да можеме да создадеме бисер.“ – Стефан Хоелер

„Карактерот не може да се развие во леснотија и тишина. Душата може да биде зајакната, амбицијата инспирирана и успехот постигнат само преку искуство на обиди и страдања.“ – Хелен Келер

„Позитивниот став ви овозможува да имате моќ врз вашите околности наместо тие околности да имаат моќ врз вас.“ – Џојс Мејер

„Човекот е наклонет кон броење на своите проблеми, но тој не ги брои своите радости. Доколку ги брои онака како што треба, тогаш тој ќе сфати дека секоја личност има доволно среќа во својот живот.“ – Фјодор Достоевски

„Кога само би можеле да почувствувате колку сте важни за животот на оние кои сте ги запознале; колку важни можете да бидете за луѓето кои можеби никогаш не сте ги ни сонувале. Постои нешто од вас кое останува кај секоја личност што некогаш сте ја запознале.“ – Фред Роџерс

„Она што гасеницата го нарекува крајот на светот, господарот го нарекува пеперутка.“ – Ричард Бах

„Одржувајте се зафатени доколку сакате да ја избегнете депресијата. За мене, неактивноста е непријателот.“ – Мет Лукас

„Понекогаш вашата среќа е изворот на вашите насмевки, но понекогаш и вашата насмевка може да биде извор на вашата среќа.“ – Тик Нјат Хан

„Можеби мора да ја запознаеш темнината за да можеш да почнеш да ја цениш светлината.“ – Маделин Ленгли

„Добриот хумор е тоник за умот и телото. Тој е најдобриот противотров за анксиозноста и депресијата. Тој е алатка за бизнис. Тој ги привлекува и задржува пријателите. Тој ги осветлува човековите тешкотии. Тој ве води кон патот на смиреноста и задоволството.“ – Гринвил Клеисер

„Ѕвонете со оние ѕвона кои сè уште можат да ѕвонат. Заборавете на совршената опција. Постои пукнатина, пукнатина во сè. Токму тоа е начинот на кој светлината влегува внатре.“ – Ленард Коен

„Постојат многу, многу подобри нешта пред нас од оние кои сме ги оставиле зад себе.“ – Ц. С. Луис

„Најголемиот степен на внатрешна смиреност доаѓа од развојот на љубовта и сочувството. Колку повеќе се грижиме за среќата на другите, толку ќе биде поголемо нашето чувство за добросостојба.“ – Тензин Гиатсо


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар