Инспиративни љубовни мисли од големите ѕвезди и познатите филмски ликови

Инспиративни љубовни мисли од големите ѕвезди и познатите филмски ликови

Љубовта е збор кој означува повеќе видови емоционални состојби, чувства или однесувања кои се движат од едноставни лични задоволства или желби, па сè до длабока интерперсонална поврзаност проследена со различни видови добрина, сочувство и искрена грижа за доброто на другите. Но, како подлабоко би можеле да го објасниме овој неверојатен феномен? Прочитајте што мислат големите ѕвезди и познатите филмски ликови за љубовта…

„Запомни, ние сме лудо заљубени, па токму затоа во ред е да ме бакнеш во кое било време кога ќе почувствуваш дека би требало.“ – Пита Маларк, „Игри на гладните“ (The Hunger Games)

Инспиративни љубовни мисли од големите ѕвезди и познатите филмски ликови

„Вистинскиот љубовник е човекот кој ќе те возбуди со бакнеж во чело, или гледајќи со насмевка во твоите очи, или едноставно само со гледање во празен простор.“ – Мерлин Монро

„Јас сум тој што сум поради тебе.“ – Николас Спарк, „Бележникот“ (The Notebook)

Инспиративни љубовни мисли од големите ѕвезди и познатите филмски ликови

„Мислам дека совршенството на љубовта се наоѓа во нејзината несовршеност.“ – Тејлор Свифт

„Обожавам како таа прави да се чувствувам, како сè да е можно, или како животот да вреди.“ – Том Хансен, „(500) денови со Самер“ (500 Days of Summer)

Инспиративни љубовни мисли од големите ѕвезди и познатите филмски ликови

„Најдоброто нешто за што можете да се држите во животот е еден со друг.“ – Одри Хепберн

„Вие би требало да бидете бакнуванa, често и од некој кој знае како тоа да го направи.“ – Рет Батлер, „Однесено со виорот“ (Gone with the Wind)

Инспиративни љубовни мисли од големите ѕвезди и познатите филмски ликови

„Некои љубовни приказни не се епски романи, тие се само кратки приказни. Но, тоа не ги прави помалку исполнети со љубов.“ – Кери Бредшо, „Сексот и градот“ (Sex and the City)

„Додека тој читаше, јас се заљубив на истиот начин како кога заспивам. Полека, и потоа одеднаш целосно.“ – Џон Грин, „Ѕвездите се виновни“ (The Fault in our Stars)

Инспиративни љубовни мисли од големите ѕвезди и познатите филмски ликови

„Знаете дека сте заљубени тогаш кога нема да можете да заспиете затоа што реалноста ви изгледа подобра од вашите соништа.“ – Д-р Сеус

„Тој ја гледаше на истиот начин како што сите жени сакаат да бидат гледани од еден маж.“ – Ф. Скот Фицџералд, „Големиот Гетсби“ (The Great Gatsby)

Инспиративни љубовни мисли од големите ѕвезди и познатите филмски ликови

„Тој е повеќе како мене отколку што сум јас. Без разлика од што се направени нашите души, неговата и мојата се исти.“ – Емили Бронте

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар