Инспиративни цитати за оние кои размислуваат да кренат раце од нивните љубовни врски
Сите парови поминуваат низ добри и лоши периоди. Нормално е да наидете на одредени несогласувања со партнерот, но многу е важно дали ќе им дозволите на повремените конфликти да го уништат вашиот однос. Доколку веќе некое време не сте задоволни од вашата љубовна врска и размислувате да ја прекинете, пред да донесете избрзана одлука, прочитајте ги следниве инспиративни цитати кои можеби ќе ве разубедат…
„Она што се постигнува лесно не трае долго, а она што трае долго не се постигнува лесно.“
„Љубовната врска е како куќа. Кога ќе прегори сијалица, не купувате нова куќа, туку ја поправате сијалицата.“
„Не можете да се откажете од некого само затоа што ситуацијата не е идеална. Успешните врски не се успешни затоа што немаат проблеми. Тие се успешни затоа што и двата партнера се грижат еден за друг доволно за да ја одржат врската.“
„ ’Совршен’ брак е оној каде што две несовршени личности одбиваат да се откажат една од друга.“
„Растењето е процес. Добивате, губите, плачете, растете, учите, пробувате, потфрлувате, но продолжувате да се обидувате.“
„Нема да потфрлите сѐ додека не престанете да се обидувате.“ – Алберт Ајнштајн
„Кога две личности се совршени еден за друг, не постои време што е премногу долго, растојание што е премногу далечно и човек што може да ги раздели.“
„Мора да разбереме дека нема секогаш да донесуваме правилни одлуки. Понекогаш ќе правиме огромни грешки.“
„Никогаш не се откажувајте од вистинска врска само поради неколку грешки. Никој не е совршен, никој не е во прави и на крајот на краиштата, љубовта е поважна од совршенството.“
„5-те правила на врските: Бидете верни, давајте љубов, почитувајте го партнерот, не флертувајте со други и издвојувајте доволно време за него.“
„Најпосакуваните љубовни подароци не се дијамантите и чоколадите, туку посветеното внимание.“
„Една од најтешките љубовни одлуки со кои ќе се соочите е изборот дали да заминете или да се потрудите повеќе.“
„Ако сакате да ја имате најдобрата врска на светот, мора да се однесувате како да имате најдобра врска на светот.“
„50% од успешната љубовна врска ги сочинуваат вашето однесување кон партнерот. Останатите 50% се способноста гласно да кажете какво однесување очекувате за возврат.“
„Понекогаш партнерите мора да раскинат за да сфатат колку сакаат да бидат заедно.“
„Прошката не е чувство, туку обврска. Тоа е избор да се покаже милост и да не се држи лутина. Прошката е израз на љубовта.“
„Во цврстата љубовна врска партнерите одбираат да се сакаат во моментите кога не можат ни да си се допаднат еден на друг.“
„Ќе можете да ја препознаете вистинската врска за вас. Таа нема да ви го искомплицира животот, туку ќе ви го подобри.“
„Не постои друг лек за љубовта, освен да се љуби посилно.“ – Хенри Дејвид Торо
„Партнерите што се совршени еден за друг се оние кои ќе поминат низ сето она што требало да ги раздели и ќе станат уште посилни од претходно.“
Прочитајте ги и следниве прекрасни и моќни цитати кои ни покажуваат дека љубовта не познава далечина.