Инспиративни цитати за моментите кога ќе се почувствувате тажно и депресивно
Во животот понекогаш доаѓаат тажни и депресивни периоди. Тогаш имате потреба да се скриете во мрак и да чекате да помине. Но, понекогаш тоа е невозможно, па затоа го носите мракот околу себе, без разлика каде одите. И секаде се чувствувате како премногу да сте изложени на светлина, оголено и ранливо, претерано реагирате на секоја дразба и сите забележуваат дека не ви е добро. Затоа и веќе ви е здодеано да одговарате со „Ништо не е, ништо страшно, ќе помине“. И навистина е така, тој период ќе помине, но додека трае обидете се да се охрабрите, да го подигнете вашиот дух и да вратите малку енергија.
„Животот е прекрасен. Па, потоа е без врска. Па, повторно е фантастичен. А, потоа грозен. Помеѓу тие две крајности, се наоѓа вообичаеното секојдневие, стабилноста на рутината, која воопшто не треба да ја занемарите. Рутината е структура на нашето секојдневие и многу помага во моментите кога животот е досаден, болен, неправеден, тешко поднослив. Држете се до секојдневието, додека го чувствувате тоа што го чувствувате и само помислите – зарем не е фантастично што можете толку длабоко да чувствувате?“
„Најдоброто оружје против стресот е способноста да изберете една мисла наместо друга. Изберете ја онаа која ве охрабрува и ви влева вера, наместо онаа која ве обесхрабрува и растажува. Размислувајте за тоа колку подобро ќе се чувствувате кога ќе помине периодот на тага и што конструктивно ќе направите за себе кога ќе се чувствувате подобро и секојпат свесно оттргнете ја мислата на самосожалување, безнадежност, малодушност и изберете ја мислата на охрабрување.“
„Дозволете си пауза. Издишете, престанете да удирате со главата во ѕид. Сите грешат. Никој не доаѓа на овој свет со упатство за употреба и инструкции како цело време да постапува исправно и да ја избегне секоја грешка. Неуспехот е дел од креирањето на исполнет живот. Секое искуство е вредно за доживување, не се запирајте и не кривете се – не е предвидено тоа искуство да биде пријатно, но кога ќе поминете низ него, тоа е ослободувачки. Тогаш знаете како да преживеете.“
„Смирете ги вашите мисли. Исклучете ги. На празниот екран од вашиот ум проектирајте ги сликите од вашите постигнувања, задоволства, успеси и среќата која ви претстои. Бидејќи таа сигурно доаѓа, како што е сигурно дека сонцето ќе изгрее наутро, иако не се гледа од облаците.“
„Верувајте во себе. Во тоа верување, дозволете си да боледувате. Склопчете се во мракот и слушајте психоделична музика. Истуркајте го до крај тој страв, очај и понижување. Немојте да ја лижете раната, додека крвта не престане да тече. Бидете 100% присутни во ужасите на мракот. Кога ќе здогледате точка светлина, ќе потрчате кон неа и ќе бидете свесни дека повеќе од сè сакате да живеете и повторно да ја почувствувате опојноста на радосното дишење.“
„Потребно е некое време за да заздравите и да се излечете и повторно да станете способни да чувствувате радост и со жар да го давате вашиот придонес за светот. За тоа време повлечете се колку што можете, често медитирајте, легнете и само дишете, слушајте го вашето срце, чувствувајте го вашето тело. Присутни сте, живи сте, животот е чудесна сила која повторно ќе ве крене на нозе и ќе посакате да играте, скокате, трчате…“
„Прифатете ја одговорноста. Можеби нема да можете да спречите да се случи најлошото, нема да можете да ги предвидите ни последиците на вашите постапки, нема да можете да се заштитите од повредување и искористување, но ќе ја имате вашата одговорност кон себе. Ќе можете смирено да се соочите со она што доаѓа и да го направите она што е најдобро за вас во секоја ситуација – бидејќи само вие сте одговорни да се чувате себе, никој друг нема да го направи тоа.“
„Кога вашиот живот ќе стане мрачна пештера со влажни ѕидови, не внесувајте светилка внатре, не распространувајте простирка, не покривајте се за да не ви биде ладно – не правете од пештерата удобна зона. Нека ви биде грозно, студено, нека ве глочкаат камењата и нека ве плаши мракот. Во еден момент ќе станете и ќе излезете од таму. А, потоа исправете се. Баш како и кога човекот излегол од пештерата.“