Инспиративни цитати што ќе ви докажат дека поседувате неверојатна внатрешна сила

Инспиративни цитати што ќе ви докажат дека поседувате неверојатна внатрешна сила

Сите луѓе поседуваат внатрешна сила, без разлика дали сте свесни за тоа или не. Внатрешната сила се стекнува кога поминувате низ раскинување, загуба или некој тежок проблем. Можеби мислите дека не сте емоционално силни, но грешите.

Инспиративни цитати што ќе ви докажат дека поседувате неверојатна внатрешна сила

Внатрешната сила не подразбира почнување на денот со насмевка и полетна енергија. Внатрешната сила подразбира одење на работа и покрај тоа што едвај станувате од кревет. Таа подразбира пребродување на тешките периоди и покрај тоа што секоја вечер сте заспивале со плачење. Внатрешната сила се покажува тогаш кога имате проблеми и не се чувствувате баш најдобро.

Доколку сте заборавиле на вашата внатрешна сила и ви треба поттик за да ја разбудите, следниве инспиративни цитати ќе ви помогнат да го сторите тоа…

„Понекогаш вашата внатрешна сила не е огромен пламен што сите можат да го видат. Понекогаш тоа е мала искра што тивко ви шепоти ’Можеш да го сториш ова. Продолжи понатаму’.“

„Вашиот внатрешен херој се открива кога минувате низ најтешкото поглавје од животот и прекрасно е кога ќе сфатите дека имате сила за да се спасите себеси.“

„Понекогаш животот нѐ тестира. Не за да ги покаже нашите слабости, туку за да ги открие нашите моќи.“

„Силата на жената не се мери според влијанието што го имале сите нејзини животни потешкотии на неа, туку според нејзината отпорност на тие потешкотии и решеност да не им дозволи да ја претворат во нешто што не е.“

„Најсилните луѓе не се оние коишто ја покажуваат силата пред нас, туку оние за чиишто битки не знаеме ништо.“

„Проблемот што го имате никогаш не е поголем од внатрешната сила што ја поседувате.“

„Моментите на најголема мудрост и внатрешна сила најчесто се најтешките моменти во животот.“ – Далај Лама

„Битката што ја водите денес ја развива силата што ќе ви треба за утре.“

Инспиративни цитати што ќе ви докажат дека поседувате неверојатна внатрешна сила

„Нема да знаете колку сте силни сѐ додека тоа не стане единствениот избор што го имате.“

„Не гледајте ги најтешките животни периоди како моменти на неуспех, туку како планини што сте научиле да ги качувате.“

„Една мала пукнатина не значи дека сте скршени, туку дека сте го положиле испитот и не сте се распаднале.“

„Сте преживеале затоа што оганот во вас горел посилно од оганот околу вас.“

„Силата се зголемува во моментите кога мислите дека не можете повеќе, но сепак продолжувате понатаму.“

„Мрачните денови не ве направиле посилни, туку ве натерале да докажете колку сте силни.“

„Силата е она што го добивате од лудилото што успевате да го преживеете.“

„Сите можат да се откажат, тоа е најлесно да се направи. Најтешко е да останете прибрани кога сите други би го забележале вашиот неуспех.“

„Силата не доаѓа од работите што можете да ги направите, туку од надминувањето на работите што некогаш сте мислеле дека не можете да ги направите.“

„Запомнете дека овој живот ви е подарен, затоа што сте доволно силни за да го живеете.“

„Силата не зависи од вашата физичка подготвеност, туку од вашата непокорлива волја.“ – Ганди

Доколку ви се допаднаа овие цитати, прочитајте ги и следниве инспиративни цитати што ќе ве потсетат дека секогаш треба да ги следите вашите соништа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар