Инспиративни цитати што ќе ве потсетат дека простувањето може да ве направи посилни - Part 2

Инспиративни цитати што ќе ве потсетат дека простувањето може да ве направи посилни

Ладната глава ќе ви помогне да разберете

„Вистински знак за зрелост е кога некој ќе ве повреди, а вие ќе се обидете да ја разберете неговата ситуација, наместо да му се одмаздите.“

Задржете го вашето достоинство

„Нема ништо помоќно од тоа да му простите на човек кој не го заслужува тоа.“

Инспиративни цитати што ќе ве потсетат дека простувањето може да ве направи посилни

Согледајте ја поголемата слика

„Кога некој ќе погреши, не заборавајте на сите работи што ги направил како што треба.“

Простете затоа што на светот му треба љубов

„Нема љубов без прошка и нема прошка без љубов.“

Дозволете си да пораснете

„Запомнете дека кога простувате, вие заздравувате. А кога простувате, вие растете.“

Простете за да можете да продолжите понатаму

„Ако не преболите, ако не си простите себеси, ако не ѝ простите на целата ситуација, ако не сфатите дека сето тоа поминало, нема да можете да продолжите понатаму.“

Простете за да докажете колку сте силни

„Сочувствителноста и простувањето се знаци на сила.“

Понекогаш луѓето заслужуваат да им простите

„Понекогаш треба да им простите на луѓето само затоа што сакате да останат во вашиот живот.“

Не губете надеж, потребно е време за да се прости

„Простувањето е процес. Тоа е избор што го правите одново и одново, секој ден, додека не се ослободите од болката.“

Нема ништо подобро од простувањето

„Простувањето е најдобрата одмазда.“

Премногу е лесно да му се препуштите на гневот

„Човекот кој простува е далеку посилен од човекот кој се расправа.“

Не дозволувајте конфликтот да прерасне во нешто поголемо

„Конфликтите се развлекуваат, бидејќи едниот е секогаш премногу тврдоглав за да прости, а другиот е премногу горд за да се извини.“

Вашата реакција е ваша одговорност

„Тоа што сте повредени не е ваша вина, но вашето заздравување е ваша одговорност.“

Направете избор

„Ако не можете да простите и заборавите, одберете едно од нив.“

Простете за да заборавите

„Кога мразите некој човек, на тој начин само му давате значење. Простете му за да стане безначаен.“

Прочитајте ги и следниве цитати за една од најголемите човекови доблести-простувањето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар