Инспиративни цитати што ќе ве потсетат дека простувањето може да ве направи посилни
Тешко е да се прости. Без разлика дали се обидувате да му простите на човекот кој ве повредил или сторил нешто лошо, простувањето е една од најтешките лекции што ги учиме во животот, а понекогаш се чини невозможно. Сепак, способноста да се прости е неопходна доколку сакате да имате здрав живот и односи со луѓето. Не смеете да држите лутина долго време, бидејќи тоа никогаш не завршува како што треба. Ако простите, не значи дека треба да заборавите што се случило, туку да се ослободите од негативните емоции. Можете да му простите некому без да го задржите во својот живот. Простете и продолжете понатаму. Прочитајте ги следниве инспиративни цитати што ќе ве потсетат дека простувањето може да ве направи посилни…
Простувањето ве прави посилни
„Никогаш нема да дознаете колку е силно вашето срце, сѐ додека не научите да му простите на човекот кој го скршил.“
Потребна е храброст за да се прости
„Една од најхрабрите одлуки што некогаш ќе ги донесете е конечно да се ослободите од она што ви ги повредува душата и срцето.“
Простувањето е подарок
„Простувањето е мојот подарок за тебе. Преболувањето е подарок за мене.“
Простувањето ослободува
„Простувањето е второто име на слободата.“
Простувањето ќе ви помогне да се ослободите од омразата
„Не дозволувајте ниту еден човек да ве спушти толку ниско за да почнете да го мразите.“
Простете за да имате подобра иднина
„Простувањето не го менува минатото, но ја менува иднината.“
Научете ја лекцијата и простете
„Нека боли. Нека заздрави. Нека замине.“
Бидете поголемиот човек
„Простувањето е најдобрата форма на љубовта. Само силните луѓе знаат да кажат ’извини’, а само најсилните знаат да простат.“
Простувањето нема да ги промени другите, но ќе ве промени вас
„Ако ви простам тоа значи дека повеќе не размислувам за тоа колкави кретени сте биле. Но, не значи дека не сте веќе кретени.“
Простувањето носи добра карма
„Начинот на кој луѓето се однесуваат со вас е нивна карма, начинот на кој реагирате е ваша.“
Секогаш живејте во сегашноста
„Простувањето подразбира донесување свесна одлука да живеете во сегашноста, дури и тогаш кога минатото сѐ уште ве боли.“
Простувањето е избор
„Или ќе станете огорчени или ќе станете подобри. Толку е едноставно. Или ќе го прифатите тоа што ви било доделено и ќе му дозволите да ве претвори во подобри луѓе или ќе му дозволите да ве уништи. Изборот не го прави судбината, туку вие.“
Простувањето е праведно
„Никој од нас не треба да биде дефиниран според најлошото нешто што некогаш го направил.“
Простете, затоа што насобраната лутина може да ве уништи
„Ако простите, не значи дека сте оправдале нечие однесување. Прошката нема да му дозволи на нивното однесување да ви го уништи срцето.“
Простете за себе, а не за нив
„Држењето лутина нема да ве направи посилни, туку огорчени. Простувањето нема да ве направил послаби, туку ќе ве ослободи.“
Продолжете на следната страница за останатите цитати…