Инспиративни цитати што ќе им ја вратат надежта на сите оние кои поминуваат низ тежок период
Тагата е неминовен дел од животот, меѓутоа доколку таа станала ваше секојдневие, тогаш се работи за повеќе од тага. Можеби станува збор за депресија што подразбира губење волја за живот. Доколку се чувствувате безнадежно и мислите дека се наоѓате во безизлезна ситуација, не треба да се срамите од тоа. Многумина минуваат низ истото, но никој не се осмелува да зборува. Сега ви е тешко да го видите светлото на крајот од тунелот, но нештата навистина ќе станат подобри. Не заборавајте дека сте доволно силни за да поминете низ ова. Доколку ви е потребна мала мотивација и поттик што ќе ви ја врати волјата за живот, прочитајте ги следниве неколку цитати кои ќе ве потсетат дека ова не е крајот на вашиот животен пат, туку почеток на вашата посветла иднина…
Ќе биде подобро
„Единствената причина што ги спречува луѓето да извршат самоубиство е помислата на тоа колку прекрасен станува животот откако ќе поминат низ пеколот.“ – Ернест Хемингвеј
Ќе биде тешко, но силни сте
„Стиснете заби и не ја спречувајте болката. Не ја негирајте, не дозволувајте да ве совлада. Нема да трае засекогаш.“ – Харолд Кушнер
Само продолжете понатаму
„Ако поминувате низ пекол, продолжете со движење.“ – Винстон Черчил
Прекрасни сте поради вашите страдања
„Болката поминува, но убавината останува.“ – Пјер Август Реноар
Никогаш не губете надеж
„Надежта е потребна за да се има нормален живот и е најмоќното оружје против желбата за самоубиство.“ – Карл Менингер
Бидете зафатени
„Кога имав 14 години, за малку ќе станев уште еден хомосексуалец кој извршил самоубиство како тинејџер. Наместо тоа, се посветив на мојата музика, моето пијано, моите сакани и открив дека нештата навистина стануваат подобри.“ – Блејк МекАјвер Јуинг
Сакајте се себеси
„Ставете ја раката на вашето срце. Можете да го почувствувате? Тоа се нарекува смисла. Живи сте со некоја причина и затоа немојте да се откажувате.“ – Непознат автор
Ценете ги малите нешта
„Помислете на сета таа убавина присутна во и околу вас и бидете среќни!“– Ана Франк
Не сте сами
„Ѕвездите ги гледаме тогаш кога е најтемно.“ – Ралф Валдо Емерсон
Ќе помине
„Постојат многу, многу подобри нешта што нѐ очекуваат од оние што ги оставаме зад нас.“ – К. С. Луис