Инспиративни цитати од Сузан Сарандон што ќе ви докажат дека жените се непобедливи
Сузан Сарандон веќе 50 години се занимава со глума, има добиено Оскар и е голема активистка. Таа секогаш успеваше да ги помести границите и да предизвика восхит со нејзините улоги, но и со активностите надвор од Холивуд. Таа беше многу ангажирана за време на последните политички избори во Америка и често зборува за проблемите со сексизмот, расизмот, се залага за забрана на смртните казни и непрестајно докажува дека жените се непобедливи! Сарандон го прослави својот 71-ви роденден во средата, на 4-ти октомври и во нејзина чест, ние одбравме неколку од нејзините најдобри цитати што ќе ве инспирираат и ќе ви помогнат да ја пронајдете вашата внатрешна сила…
„Му се радувам на стареењето, бидејќи во тој период нема да биде толку важно како изгледате, туку какви сте.“
„Навистина ли мора да бидеме или интелигентни ледени кралици или мивки? Зар не можеме да бидеме и двете?!“
„Потребно е многу малку труд и пари за да ја искорениме маларијата, да донесеме чиста вода и да им дадеме на луѓето можност да се образуваат. Кога нема надеж, луѓето почнуваат да прават чудни, страшни и насилни работи. Тоа е поентата. Станува збор за прашање на приоритет. Пари секогаш има.“
„Кога имате гради, лошо е тоа што мора да одлучите дали ќе ги имате нив или ќе имате памет. Убаво би било кога би можеле да ги имаме и двете.“
„Еднаквоста во платите на жените и мажите нема да стане реалност, бидејќи врескаме и викаме за неа. Ќе стане реалноста кога ќе почнеме да бараме еднаква плата.“
„Прекрасно е кога ќе сфатите дека можете да го гледате животот надвор од тесните граници на сопствениот свет. Тогаш разбирате дека можете да ги промените работите на многу едноставни начини: Од волонтирање, па сѐ до залагање за големи проблеми од светски размери.“
„Се обидувам да го живеам секој ден од животот во сегашноста и да не го тргам погледот од неправдите.“
„Страдањата не треба да се однесуваат само на жените! Само затоа што сте мажи, не значи дека вас не ве засега тоа. Помогнете им на жените да ги победат табуата и осаменоста предизвикана од ендометриозата и другите женски болести. Бидете полни со разбирање, покажете сочувство и немојте да ги обвинувате дека се чувствителни, нежни или премногу драматични. Ова е можност за вас да покажете дека се грижите и дека сте вистински мажи.“
„Ќе биде супер доколку некоја жена добие добра работа, без да се крева врева околу тоа.“
„Кога знаете само за болка, не знаете дека тоа не е нормално. Судбината на жените не е да страдаат, иако нѐ воспитувале да мислиме така.“
Прочитајте ги и најдобрите совети што успешните актерки некогаш ги добиле.