Инспиративни цитати од познати олимписки атлети кои ќе ви го подигнат натпреварувачкиот дух
Летните олимписки игри за кратко време ќе започнат и ќе го окупираат времето на сите страсни љубители на спортот. Најдобрите спортисти на нашето време ќе се борат за златото, но овие жени и мажи се повеќе од успешни атлети, тие се едноставно најдобри во своето поле.
Дури и да не следите спорт, овие цитати можат да се применат во секоја област од животот. Без разлика дали сакате да се искачите на скалата на успехот, да основате семејство или да создадете некое неверојатно уметничко дело, овие мудри зборови ќе ви бидат корисни во секоја можна ситуација. Вистина е дека олимписките спортисти се натпреварувачи, но тука повеќе се работи за натпревар со самите себе отколку за натпревар со други луѓе.
Прочитајте ги следниве цитати кои ќе ве поттикнат да го преземете следниот чекор со тоа што ќе го примените знаењето во вашиот сопствен живот. Можеби нема сите да освоиме злато на Олимписките игри, но тоа не значи дека не можеме да освоиме злато во нашите лични животи.
„Кога ќе почувствувам дека можам да бидам број еден, немам намера да се задржувам повеќе на истото место.“ – Карл Луис
„Секогаш морам да ги усовршувам моите вештини за да го задржам натпреварувачкиот дух и да продолжам да победувам.“ – Евин Моузес
„Градам оган и секој ден со секој нов тренинг, додавам уште масло. Во вистинскиот момент, го палам кибритчето.“ – Миа Хам
„Клучот не е желбата за победа. Сите го имаат тоа. Важна е волјата за подготовка за победата.“ – Боби Најт
„Способноста да се победиш самиот себеси е без сомнеж најзначајната од сите нешта кои спортот ги нуди.“ – Олга Корбут
„Оној кој не е доволно храбар да презема ризици, нема ништо да постигне во животот.“ – Мухамед Али
„Никој не треба никому да докажува колку вреди, освен на личноста која ја гледа во огледалото. Тоа е единствената личност пред која треба да одговарате.“ – Пикабо Стрит
„Постои нешто поврзано со Олимпијадата, нешто необјасниво, што извира од душата и мора да биде зачувано.“ – Крис Брешер
„Првото нешто што морате да го направите е да го сакате вашиот спорт. Никогаш не спортувајте за да задоволите некој друг. Тоа мора да биде само ваше.“ – Пеги Флеминг
„Олимписките игри остануваат најинтересната потрага по совршеност која постои во спортот, а можеби и во самиот живот.“– Дон Фрејзер