Инспиративни цитати од Пауло Коелјо кои ќе ве потсетат дека животот вреди да се живее
Пауло Коелјо, авторот на популарната книга „Алхемичарот“ е многу познат по начинот на кој ги инспирира луѓето. Над 3 декади, тој објавува голем број книги, од кои секоја од нив носи посебна и инспиративна порака за тоа како можете да ги следите вашите соништа. Токму затоа, ако се соочувате со некаков проблем, тага или едноставно поминувате низ лош период, погледнете ги овие мали мисли со огромна моќ кои ќе ви го дадат потребниот морален замав полесно да се справите со потешкотиите во вашиот живот.
„Кога нешто сакате, целиот свет прави заговор за да ви помогне да го постигнете.“
„Промените се случуваат само кога ќе излеземе од нашата удобна зона и ќе тргнеме против сè што сме навикнати да правиме.“
„Вие сте она што верувате дека сте.“
„Наједноставните нешта се најчесто и најневеројатните, и само мудрите можат да ги видат.“
„Секој има креативен потенцијал и од моментот кога ќе можете да го изразите овој креативен потенцијал, вие почнувате да го менувате светот.“
„Постои само едно нешто кое го прави сонот невозможен за постигнување: стравот од неуспех.“
„Ако мислите дека авантурата е опасна, обидете се со рутина. Таа е смртоносна.“
„Детето може да го научи возрасниот на три нешта: да биде среќен без причина, секогаш да биде со нешто зафатен и да знае како да го бара со целата своја сила она што го посакува.“
„Имате два избора, да го контролирате вашиот ум или да дозволите тој да ве контролира вас.“
„Сите веруваат дека главната цел во животот е да се следи некаков план. Тие никогаш не прашуваат дали овој план е нивен или бил создаден од друга личност. Тие акумулираат искуства, сеќавања, работи, идеи од други луѓе и тоа е нешто со кое не е можно да се справат. Токму затоа тие ги забораваат своите соништа.“
„Секој благослов кој е игнориран се претвора во клетва.“
„Прифатете го она што животот ви го нуди и обидете се да пиете од секоја чаша. Сите вина треба да бидат пробани, од некои треба да земете само голтка, додека пак од други, да испиете цело шише.“
„Сега кога таа немаше што да изгуби, стана слободна.“
„Која е најголемата лага во светот? Тоа дека во одреден момент од животот губиме контрола врз она што се случува со нас и нашиот живот станува контролиран од судбината.“
„И ве молам не заборавајте: Постои живот пред смртта.“
ja sakam closno da se promenam mnogu sum osamena i utehata go naogam samo u apcinjata sa smiruvanje nemam zanimacija 9 godini zatvorena sum doma pred 9 godini bev silovana ot togas mi se smeni zivotot padnav u depresija
nikomu ne mu veruvav ne izleguvav od doma se sakav sama da sedim po stimnica
u moja soba stanav savisnik op apcinja za smiruvanje sum bila i ka psikolozi psihatr neurolozi no niso ne mi pomaga da si go zaboravam toa sto sum go doziveala naj krivo mi je deka sve ova mi se zluci samo zaradi odmazda sakaja da se odmazda na bratmi bratmi bese zenet i si go ostae zenamu i tija od inaet platile 4 idioti tokag bev 17 godishna idem na sredno ekononsko pred vlezniot vrata na sportski centa me kindapiraja i mozete da zamislelte sto mi napravija me siluvaja
sega sa u zatvor
ama sto i da sa
koj zivotot mi go propastija
lezev i u psijatrija
stanav savisnik na apcinja samo si niv mozam da zaboravam ve molime pomogniemi kako da go prodolzam zhivotot nemam niso ni obavrska
ni od doma izleguvam ni niso nikoj ne me saka
jas sum od tetovo
u tetovo komu mu se desava vakvo nesto sve drugi maski ti se doblizvat samo da te iskoristat nemmam poverenje nikomu po mognitemi ve molam od toj nastan dobiv golema treuma od treuma mi se prefrli tumor u maliot mozok posle i epilepsija dali je najdobro da s go odzemem zhivotot ve molim pomognitemi
Пред сè, многу ни е жал за тоа што ти се случило. Потребна е голема сила да се издржи таква голема трагедија. Но, и покрај сè, животот вреди да се живее… Потруди се да дадеш сè од себе за да излегуваш од дома, не престанувај да се консултираш со терапевти, и секој ден убедувај се себеси дека ќе биде подобро – еден ден навистина ќе стане подобро.
Можеби никогаш нема можеш да го заборавиш лошото минато, но ако не се откажуваш, со тек на време ќе научиш да го прифаќаш, а со прифаќањето ќе можеш и да се вратиш на живеење на животот. Биди силна, верувај во себе и не им дозволувај на луѓето да те дефинираат според една случка. Дај си шанса да се сакаш себеси. Кога ќе ја направиш таа промена, ќе се променат и луѓето околу тебе.
Но не се криј од животот, чекор по чекор обиди се повторно да почнеш да го живееш. Колку и да изгледа лошо, не се откажувај. Како што еден немил настан има моќ толку да нè скрши, исто толку моќ има да нè издигне и една убава случка, една посебна личност, еден посебен момент. Дај им шанса на овие нешта да дојдат во твојот живот.
Имам слушнато дека ХИПНОЗАТА помага околу твојот проблем. Консултирај се, прашај, размисли.
Се најдобро!