Инспиративни цитати од нобеловецот Ели Визел за мирот, толеранцијата и омразата

Инспиративни цитати од нобеловецот Ели Визел за мирот, толеранцијата и омразата

Ели Визел е еден од најзначајните луѓе кои некогаш постоеле. Тој бил писател, професор, политички активист и добитник на Нобелова награда кој го преживеал холокаустот. Тој успеал да го долови ужасот на холокаустот на таков начин што предизвикал сочувство и емпатија кај сите луѓе ширум светот. Нема сомнеж дека неговите искуства оставиле голем белег во историјата на човештвото. Во таа чест, прочитајте ги неговите инспиративни цитати за мирот, толеранцијата и омразата…

Инспиративни цитати од нобеловецот Ели Визел за мирот, толеранцијата и омразата

„Мора да одбереме страна. Неутралноста му помага на поробувачот, но никогаш на жртвата. Молкот го охрабрува мачителот, но никогаш маченикот.“

„Човек што мрази одредена група, ќе почне да ги мрази сите, а на крајот ќе се замрази и самиот себе.“

„Спротивно на љубовта не е омразата, туку рамнодушноста.“

„Можеби ќе има периоди кога ќе бидеме немоќни да ја спречиме неправдата, но никогаш не смееме да заборавиме да протестираме.“

„Ниту една човечка раса не е супериорна, ниту една вера не е инфериорна. Сите колективни осуди се погрешни. Само расистите ги практикуваат.“

„Човештвото мора да запамети дека мирот не е Божји дар. Мирот е подарок што меѓусебно треба да си го даруваме.“

„Кога човек не е благодарен, нешто недостасува во неговото или нејзиното човештво. Човекот може да се дефинира според неговиот или нејзиниот став кон благодарноста.“

„Пријателството го обележува животот многу подлабоко од љубовта. Кај љубовта постои ризик да премине во опсесија, а пријателството никогаш не е ништо повеќе од споделување искуства.“

„Човечките суштества треба да бидат одговорни сами за себе. Оставете го Господ на мира. Тој си има доволно проблеми.“

„Исто како што очајот се пренесува од едно на друго човечко суштество, така и надежта може да се пренесе само од човек на човек.“

„Ако не го пренесете искуството, тоа е исто како да сте го изневериле.“

„Кога ќе донесете живот на овој свет, мора да го заштитите. Мора да го заштитиме со тоа што ќе го промениме светот.“

„Понекогаш, во некои благородни моменти, зборовите можат да вредат исто толку колку и делата.“

„Да бев сам на светов, ќе имав право да одберам очај и самотија. Ама не сум сам.“

„Во кое било општество, фанатиците не ме мразат само мене, ве мразат и вас исто така. Тие ги мразат сите.“

„Религијата не ја претставува врската меѓу човек и Бог, туку врската меѓу луѓето.“

„Повеќето луѓе мислат дека сенките ги следат, ги водат или ги опкружуваат суштествата и предметите. Вистината е дека тие исто така ги опкружуваат зборовите, идеите, желбите, делата, чувствата и сеќавањата.“

„Секаде каде што мажите и жените се прогонувани поради нивната раса, религија или политички убедувања, тие места, во тој момент, мора да станат центар на универзумот.

Во продолжение прочитајте ги и овие цитати од Мајка Тереза кои ќе ви помогнат да станете подобри луѓе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар