Инспиративни цитати од Мерлин Монро

Инспиративни цитати од Мерлин Монро

Мерлин Монро е една од најпознатите филмски икони и секс симболи кои светот некогаш ги видел. Со нејзината легендарна фигура како песочен часовник, симболот на убавина на нејзиното лице и заводливата русокоса фризура, Мерлин Монро успешно го одржуваше својот чист платинест холивудски гламур со мала доза на детска ранливост. Токму поради овие квалитети ја обожаваа милиони луѓе ширум светот.

И покрај тоа што животот на Мерлин беше релативно краток и трагичен, таа и до ден денес продолжува да биде инспирација. Погледнете дел од нејзините најпознати мисли…

Инспиративни цитати од Мерлин Монро

„Несовршеноста е убавина, лудоста е генијалност и подобро е да се биде тотално апсурден отколку тотално досаден.“

„Јас сум себична, нетрпелива и по малку несигурна. Правам грешки, губам контрола и одвреме-навреме тешко е да се справиш со мене. Но, ако не можеш да се справиш со мене кога сум во најлошо светло, тогаш сигурно не ме заслужуваш кога сум во најдобро.“

„Јас верувам дека сè се случува со причина. Луѓето се менуваат за да научите да ги пуштате да си заминат, работите тргнуваат наопаку за да ги цените кога ќе бидат како што треба, верувате во лаги сè додека не научите да си верувате само себеси и понекогаш добрите нешта се распаѓаат за уште подобри да можат да се состават.“

„Јас сум добра, но не сум ангел. Грешам, но не сум ѓавол. Јас сум само мало девојче во голем свет кое се обидува да најде некој што ќе го сака.“

Инспиративни цитати од Мерлин Монро

„Сите ние треба да почнеме да живееме пред да станеме престари. Стравот е глупав. Исто како и каењето.“

„Ако се придржував до сите правила, никогаш немаше никаде да стигнам.“

„Не ми пречи да живеам во светот на мажите, сè додека во него можам да бидам жена.“

„На жените кои настојуваат да бидат еднакви со мажите им недостасува амбиција.“

Инспиративни цитати од Мерлин Монро

„До сите оние девојки кои мислат дека се дебели само затоа што не носат број на облека XXS – вие сте прекрасни, општеството е она што е грдо.“

„Сакам да остарам без операции за затегнување на лицето. Сакам да имам храброст да бидам лојална на лицето кое сум го добила. Понекогаш мислам дека би било многу полесно да се избегне староста, да се умре млад, но тогаш никогаш не би го комплетирале својот живот, нели? Никогаш не би сте се запознале во целост.“

„Не знам кој ги измислил високите потпетици, но сите жени многу му должат.“

„Секогаш бидете насмеани, затоа што животот е нешто прекрасно и има толку многу работи за кои можете да се смеете.“



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар