Инспиративни цитати од Леонард Коен за животот, поезијата и жената
Леонард Коен е канадски музичар, поет и текстописец познат по неговото поетско творештво кое говори за религијата, осаменоста, меланхолијата и сложените меѓучовечки односи. Во 2008 година тој бил примен во Рокенрол куќата на славните поради неговиот статус на „најголем и највлијателен меѓу текстописците“. Во продолжение прочитајте некои од неговите најславни цитати за животот, поезијата и жената…
„Жената со тешкотија внимава на своето тело, како да се работи за некој недоверлив сојузник во битката за љубов.“
„Дејствувајте како личноста која би сакале да бидете и наскоро такви и ќе станете.“
„Јас не се сметам за песимист. Според мене песимист е некој кој го чека дождот. Јас се чувствувам како да сум целиот мокар.“
„Песимисти се луѓето кои носат чадор и кога нема трага од облаци.“
„Нека судиите потајно почувствуваат недостаток од правда: Нивните одлуки ќе бидат построги. Нека генералите потајно почувствуваат недостаток од триумф: Убивањето ќе биде озлогласено. Нека свештениците потајно почувствуваат недостаток од вера: Нивното сочувство ќе биде искрено.“
„Поезијата е само доказ за животот. Ако вашиот живот горел добро, поезијата е само пепелта.“
„Ниту една жена не е толку убава за да не сака нејзината убавина да биде опеана во стихови.“
„Поимот клиничка депресија денес премногу често се појавува во разговорите. Човек би помислил дека се случила катастрофа во областа на психологијата.“
„Во сѐ постои пукнатина, на тој начин се пробива светлината.“
„На секој народ земјата му е условно дадена. Без разлика дали луѓето се свесни за тоа или не, постои договор над уставот, над гарантираната сувереност и над најголемите соништа на нацијата за самоостварување.“
„Кога сѐ ви тргнало наопаку, подигнете ја чашата, тропнете со стапалата и заиграјте. Тоа е сѐ што можете да направите.“
„Децата ги покажуваат нивните лузни како да се медали. Љубовниците ги користат како тајни кои треба да бидат откриени. Лузната се случува кога зборот се материјализира.“