Инспиративни цитати на еден од најдобрите режисери на аниме филмови, Хајао Мијазаки
Хајао Мијазаки е еден од најпознатите луѓе во светот на аниме филмовите. Тој е истакнат јапонски манга уметник и режисер и бил именуван од магазинот Time како еден од највлијателните луѓе во светот. Неговите филмови, пак, носат толку убава порака што никој не може да ги мрази. Во продолжение прочитајте дел од најдобрите цитати на овој славен режисер.
„Животот е светлина што трепка во темнината.“
„Животот вреди да се живее дури и покрај омразата и масакрот. Тој ни овозможува прекрасни искуства и ни подарува убави нешта.“
„Современиот живот е толку плиток и лажен. Со нетрпение го очекувам денот кога програмерите ќе банкротираат, Јапонија ќе осиромаши, а дивите треви ќе завладеат.“
„Можеби не ви се допаѓа она што се случува, но доволно е да го прифатите и ајде сите ние заеднички да го проживееме животот. Дури и ако сте лути, обидете се да бидете трпеливи и да издржите, па на тој начин сите заеднички да го проживееме животот. Сфатив дека тоа е единствениот начин да се преживее.“
„Луѓето имаат потреба и за создавање и за уништување.“
„Нашите животи наликуваат на ветрот… или на звуците. Се отелотворуваме, резонираме еден со друг… Потоа избледнуваме.“
„Проблемите настануваат во моментот кога сме родени. Ние сме родени со бескрајно многу можности, но мораме да се откажеме од повеќето бидејќи за да избереш едно нешто значи да се откажеш од друго. Тоа е неизбежно. Но, што да се прави? Таков е животот. “
„Многу од моите филмови имаат силни, храбри жени во главна улога кои не размислуваат два пати да се борат за она во кое веруваат со сето срце. Им треба пријател или поддржувач, но никогаш спасител. Секоја жена е способна да биде херој како и секој маж.“
„Би сакал да снимам филм преку кој ќе им порачам на децата дека добро е да се биде жив.“
„Сите мои филмови се мои деца.“
Откако ги прочитавте овие инспиративни цитати, можеби ќе сакате да ги прочитате и инспиративните цитати од филмовите на Хајао Мијазаки што ќе ве трогнат.
Извор: kidadl.com