Инспиративни цитати на дел од најмоќните жени низ историјата

Инспиративни цитати на дел од најмоќните жени низ историјата

Во текот на историјата, жените напорно работеле за да се слушне нивниот глас. Без разлика дали станува збор за подеднаква застапеност во политиката и активизмот за општествени промени, кршење на бариерите во спортот и образованието, жените покажале дека неуспехот не треба да им биде пречка во исполнувањето на нивните цели. Заедничко за сите нив е тоа што сите се бореле за еднаков, правичен свет. Во продолжение прочитајте инспиративни цитати на дел од најмоќните жени во историјата.

Инспиративни цитати на дел од најмоќните жени низ историјата

„Жените треба да го направат за себе она што мажите веќе го направиле – понекогаш она што мажите не го направиле – а тоа е да се етаблираат како личности и можеби и да ги охрабруваат другите жени за поголема независност на мислата и дејствувањето.“ – Амелија Ерхарт, првата пилотка која летала сама над Атлантскиот Океан

„Жените се способни исто толку колку и мажите. Понекогаш нивната имагинација е поголема од онаа на мажите.“ – Кетрин Џонсон, математичарка и дел од првите вселенски мисии на НАСА

„Успехот на секоја жена треба да биде инспирација за друга. Треба да се грижиме едни за други. Бидете храбри, бидете силни, бидете исклучително понизни и пред сè, бидете љубезни.“ – Серена Вилијамс, професионална тенисерка, поранешен светски рекет број 1 во женскиот тенис

„Жената никогаш не треба да очекува посебни привилегии поради нејзиниот пол, ниту пак да им се потчини на предрасудите и дискриминацијата.“ – Бети Фридан, американска писателка и феминистка

„Го кревам гласот, не за да можам да викам туку да бидат слушнати оние без глас…“ – Малала Јусуфзаи, пакистанска активистка и најмлада добитничка на Нобеловата награда за мир

„Секогаш поставувајте си високи цели, вложете го сите напори и борете се за она во кое верувате. Кога ќе наидете на пречки, продолжете да верувате. Кога ќе паднете, веднаш станете и никогаш не слушајте ги оние што велат дека не можете или не треба да продолжите во оваа насока.“ – Хилари Клинтон, поранешен државен секретар на САД

„Не плашете се од совршенството – никогаш нема да го достигнете.“ – Марија Кири, првата жена добитничка на Нобелова награда

„Никој не може да направи да се чувствувате инфериорно без ваша дозвола.“ – Еленор Рузвелт, поранешна прва дама на САД

„Размислувајте како кралица. Кралицата не се плаши од неуспех. Поразот е само отскочна штица кон успехот.“ – Опра Винфри, американска медиумска личност, една од највлијателните жени во светот

„Техниката и способноста сами по себе нема да ве однесат до врвот – најважна е волјата.“ – Јунко Табеи, првата жена која се искачила на Монт Еверест

Откако ги прочитавте овие инспиративни цитати, можеби ќе сакате да ги прочитате и инспиративните цитати од Сузан Сарандон што ќе ви докажат дека жените се непобедливи.

Извор: mymodernmet.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар