Инспиративни цитати кои ќе ви помогнат да се збогувате со летото

Инспиративни цитати кои ќе ви помогнат да се збогувате со летото

Летото е годишно време кое асоцира на младост, безгрижност, убавина и слободен живот, па кога ќе почнете да ги одбројувате неговите последни денови, можно е да се почувствувате малку депресивно особено кога ќе се сетите дека ве чека долгата и студена зима. Но, да не постоеше зимата дали ќе можевме навистина да ги цениме топлите летни денови? Веројатно не. 22-ри септември е датумот кој го означува крајот на летото и почетокот на златнокосата есен. Има уште цел месец до тогаш, но првите знаци на есен се веќе присутни. Денот е пократок, времето е поладно, а сигурно веќе сте забележале и по некој паднат жолт лист. Не ни преостанува ништо друго освен да се збогуваме со летото онака како што му доликува, а има ли нешто помоќно од пишаниот збор? Овие цитати, кои ја доловуваат минливата убавина на летото, ќе ве уверат дека станува збор за годишно време кое го носиме со себе во текот на целата година. Прочитајте ги следниве поетски мисли и испратете го летото со позитивни чувства и емоции…

Инспиративни цитати кои ќе ви помогнат да се збогувате со летото

„Во благодарното срце постои вечно лето.“ – Силија Текстер

„Според сите овие прекрасни знаци, септемвриските денови пристигнаа со најубавото летно време и најголемата есенска радост.“ – Хелен Хант Џексон

„Во длабочините на зимата, конечно научив дека во мене се крие непобедливото лето.“ – Албер Ками

„Моментот кога зимата ја собира нејзината грандиозна руба и како сон исчезнува.“ – Сара Хелен Витман

„Август помина, а летото продолжува со сила да ги зголемува деновите. Тие скришум никнат помеѓу годишните поглавја и тајно се наметнуваат помеѓу нивните страници.“ – Џонатан Сафран Фоер

„Дожд во август: Најдоброто од летото помина, а новата есен е сѐ уште неродена. Чудно неурамнотежено време.“ – Силвија Плат

„Заминаа птиците кои беа нашите летни гости.“ – Хенри Вадсворт Лонгфелоу

„Човек мора да задржи барем малку од летото, дури и во текот на зимата.“ – Хенри Дејвид Торо

Инспиративни цитати кои ќе ви помогнат да се збогувате со летото

„Луѓето не забележуваат дали е зима или лето кога се среќни.“ – Антон Чехов

„Нема засекогаш да биде лето, изградете амбари.“ – Хесиод

„Постои нешто длабоко скриено во сите нас што плаче на краеви. Зошто Господе сѐ мора да заврши? Зошто целата природа старее? Зошто пролетта и летото мораат да заминат?“ – Џо Вилер

„Завршните летни ветри ги прават луѓето немирни.“ – Себастијан Фолкс

„Есента ја остава зад себе нејзината смиреност и ја заменува со бодликави, распаднати патишта. Не се сеќава дали летото воопшто кажало ’збогум’.“ – Дејвид Мичел

„Кога доаѓа зима, летото бесконечно блеска во нашите срца.“ – Мехмет Мурат Илдан


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар