Инспиративни цитати кои ќе ве поттикнат почесто да читате книги
Веројатно познавате барем еден човек кому му се воодушевувате поради тоа што секогаш знае да се изрази со убави зборови и богат речник. Бидете сигурни дека се работи за многу начитан човек кој негува посебна љубов спрема книгите и убавиот пишан збор. Познато е дека книгите ја имаат моќта да ви ги прошират видиците и да ве поттикнат да внесете промена во начинот на кој гледате на животот и светот околу вас. Неретко тие нудат решенија за вашите проблеми, како и бегство од реалниот во свет полн со нови идеи, фантазии и непроценливи мудрости.
Вистинската книга може да ве мотивира и да ви го даде потребниот стимул за да поработите на вашиот личен напредок. Ова се некои цитати од познати личности кои не би можеле да си го замислат животот без книги, а ќе ве инспирираат веднаш да ја грабнете онаа дебела книга што се токмите да ја читате уште од пред неколку месеци:
„Учете и читајте сериозни книги. Животот ќе се погрижи за останатото.“ – Фјодор Достоевски
„Ако читате само книги што сите други ги читаат, ќе го мислите само она што сите други го мислат.“ – Харуки Мураками.
„Некои книги се за да бидат вкусени, други за да бидат голтнати, но само неколку се за да бидат изџвакани и сварени.“ – Френсис Бејкон
„Сите книги се слични во тој поглед што се повистинити од она што се случува во вистинскиот живот и откако ќе прочитате некоја книга ќе се чувствувате како сè тоа да ви се случило вам, и потоа сè ќе ви припаѓа вам.“ – Ернест Хемингвеј
„Човекот кој не чита добри книги не е ништо подобар од човекот кој не знае ни да ги прочита.“ – Марк Твен
„Читањето добри книги е како разговор со најголемите луѓе од минатите векови.“ – Рене Декарт
„Дом без книги е како тело без душа.“ – Марко Тулиј Кикерон
„Нема потреба да се изгорат книгите за да се уништи една култура. Доволно е луѓето да престанат да ги читаат.“ – Реј Бредбери
„Најдоброто кино во светот е мозокот, а тоа ќе го сфатите кога ќе читате добра книга.“ – Ридли Скот
„Читаме за да се потсетиме дека не сме сами.“ – К. С. Луис
„Да читаме и танцуваме – двете забавни нешта кои никогаш нема да му наштетат на светот.“ – Франсоа Волтер
„Нема поисполнети денови од детството од оние поминати со омилената книга.“ – Марсел Пруст
„Единственото образование ми е она што сум го добил од книгите. Позабавно е од одење на училиште затоа што сам си измислуваш задачи и не мораш да слушаш некој како ти зборува.“ – Реј Бредбери
„За да станете паметни потребно е да прочитате само десет книги. Но за да ги најдете тие десет, треба да прочитате илјадници.“ – Непознат автор
„Книгите се бродови кои пловат во пространите мориња на времето.“ – Френсис Бејкон
„Верувајте им на книгите. Тие се тивки кога има потреба, а гласни кога треба да ви го откријат светот што сте го барале.“ – Непознат автор
„Да научите да читате е како да палите оган, секој изговорен слог е нова искра.“ – Виктор Иго
„Парадоксалната природа на читањето лежи во тоа што се дистанцираме од светот за да го разбереме.“ – Даниел Пенак
„Најголемиот универзум се содржи во колекција на книги.“ – Томас Карлајл
„Добрите книги не ги издаваат сите свои тајни веднаш.“ – Стивен Кинг